(ВИДЕО) Шилегов: Груевски, Трајановски и Чавков ќе одговараат за “обиколницата на смртта“

Од:

Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска на прес конференција рече дека Никола Груевски, Коце Трајановски и Митко Чавков ќе одговараат за лажење, неспособност и нанесување штета на граѓаните во врска со поплавите.

Еве ја изјавата на Шилегов:

Ќе одговараат зашто пуштиле во употреба ризична обиколница, зашто не го предупредиле населението навреме за катастрофата, зашто не ги исчистиле каналите и коритата, зашто не го сопреле сообраќајот кон ризичното подрачје.

Никола Груевски, катастрофата што го снајде Скопје е заради твоја негрижа!
Во 2009 година, заедно со Миле “ми текна” Јанакиески си сечел лента за пуштање на обиколницата, а не си обезбедил заштита од поплава на околината.

Трошеше милиони евра за “тркало на лудоста” и за пиратски бродови, а за заштита на животот на луѓето не си презел ништо. Заради се ова, ќе одговараш!

Коце Трајановски, си му аплаудирал на Никола кога сечел лента за обиколницата, а си знаел дека го поплавува Стајковци!

Коце, ти носиш одговорност за жртвите од поплавата, зашто си им упатил загрозувачки апел на луѓето да не излегуваат од домовите и од нивните возила!

Коце, ќе одговараш и за тоа што не си ги предупредил луѓето да не патуваат на обиколницата и со тоа си ги втурнал во опасност!

Митко Чавков, и ти ќе одговараш за тоа што си дозволил да нема сообраќајна полиција во критичните моменти која ќе ги сопира навреме возачите пред да се упатат кон обиколницата на смртта.

Доаѓа време на одговорност, темелна реконструкција на инфраструктурата, безбеден и подобар живот за граѓаните на Македонија!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он