ВИДЕО: Се бара притвор за осум лица осомничени дека ја украле и пренеле марихуаната од Јосифово во Арачиново

Од:

Осум лица се осомничени за двата тона марихуана која беше украдена од Јосифово, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. За сите нив, се бара притвор. Спасовски не даде објаснување како осомничените успеале да ја транспортираат марихуаната 137 километри без да бидат фатени и таа да стигне до Арачиново. Тој објасни дека на тоа прашање ќе има одговор откако ќе заврши истрагата која е во тек.

„За сите лица кои се во истрагата, ќе се бара притвор. Ова е една акциска контрола која е сузбивање на недозволена трговија и шверц со дрога. Во моментов осум лица се во пријавата. Тие се таму каде што треба да бидат. И натаму има активности поврзани со акцијата. Во тек е истрагата, не можеме да ја водиме преку медиуми. Кога ќе ги имаме сите информации, ќе споделиме. Целта ни е да се обезбедат доказите и сите одговорни да сносат одговорност“, посочи Спасовски.

За фирмите да добијат лиценци за одгледување на канабис, треба да исполнуваат и услови за техничко и физичко обезбедување на складовите. Спасовски посочи дека МВР нема овластувања да проверува дали тие биле испочитувани.

„МВР нема овластувања во овој дел, лиценците ги доделуваат МЗ и има точни услови за да се добие лиценца за производство на марихуана. Има какви сефови треба да има, техничко, физичко обезбедување. Ние вршиме контрола на работата на агенциите за обезбедување. Има многу детали кои што се во делот на криминалистичката обработка, не само во овој случај туку во сите останати. Истрагата ќе го покаже тоа и ќе ги имаме сите информации“, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

МВР со дронови ќе го надлегува гласањето в недела

Цариници открија дрога во стан на студентка од Турција во Гостивар

Горан Наумовски

Швајцарци го оставиле празниот куфер кој направи паника кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за членка на Судски совет, 15 пати зела парти за превоз, а ќерка и имала стан во Скопје

Катерина Ѓуровски

МВР: Од 12 октомври нов систем за влез/излез од ЕУ, со што сè треба да се подготват патниците

Горан Наумовски

Голтна кеса со дрога додека бегаше од полицијата

А1он