(ВИДЕО) СДСМ: Власта на Груевски ја засили контролата врз Македонската телевизија

Од:

„Власта на Никола Груевски ја засили контролата врз и така партизираниот јавен сервис,  Македонската телевизија.

Во Програмскиот совет на МРТВ мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Парламентот постави исклучиво партиски членови“, рече на денешната прес-конференција Горан Сугарески, пратеник.

„Член на Програмскиот совет на МРТВ е поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на Унијата на жени, Косана Николиќ Мазнева. Инаку, дипломиран биолог.

Член на Програмскиот совет на МРТВ е и поранешната пратеничка и кандидатка за градоначалничка на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Јагнула Куновска.

Член на Програмскиот совет на Македонската радио телевизија е и Златко Јанковски, вработен во Кабинетот на заменик претседателот на Владата за европски прашања.

Во последниот Извештај за Република Македонија  Европската комисија констатира дека однесувањето на МРТВ резултира со недостаток на вистинско независно известување и недостаток од точни и објективни информации за граѓаните.

Нотирано е дека јавниот радиодифузен сервис нецелосно ја одигрува својата улога во обезбедувањето избалансирана и информативна медиумска содржина.

Политичката пристрасност на МРТВ за власта е забележана и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР за изборите.

По налог на власта, МРТВ противзаконски и спротивно на елементарните новинарски стандарди, ги игнорира активностите, настапите и ставовите на опозицијата, на општествената јавност, критичката мисла и невладиниот сектор што не е под контрола на власта на Груевски.

Македонската радио телевизија им припаѓа на граѓаните а не на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“, изјави Горан Сугарески, пратеник.

Би можело да ве интересира

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

(ВИДЕО) Филипче на Свети Трифун: Власта ги остави лозарите без поддршка

А1он

СДСМ: Сите молчат – овој гласен молк е најсилна потврда дека нарко скандалот води до врвот на Владата на Мицкоски

А1он