(ВИДЕО) СДСМ: Битола сака стадион!

Од:

„Деновиве сме сведоци на една масовна граѓанска акција на социјалните мрежи, во која познати спортисти, спортски работници како и други видни личности повикуваат:  Сакаме стадион во Битола!

И ние како опозиција се вклучуваме во оваа акција, со напомена дека не сакаме да ја политизираме, но едно не може и не смее да се заборави – изградбата на стадион во Битола ја ветуваше политичар, првиот човек на градот Градоначалникот Владимир Талески.

Ветуваше развој на спортот и спортски клубови со европски квалитети, велејќи дека Битола ќе биде најспортски град.

Тоа беа негови ветувања пред сите избори наназад. Но денес, со жалење можеме да констатираме дека тоа беше само дел од неговите лаги пред сите избори“, рече Горан Козаров – Советник во Општина Битола.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

(ВИДЕО) Кузеска: Инфлација 5,7%, празни фрижидери, празни џебови, сиромаштија

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот