Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè потежок живот. Додека Мицкоски продава бајки дека Македонија е „трета економија“ во Европа, последните податоци на Статистика покажуваат зголемена инфлација од 5,7% во споредба со истиот месец лани. Тоа е речиси двојно повисока инфлација од еврозоната, каде инфлацијата во април изнесува 3%. Најголем удар трпат граѓаните преку поскапата храна. Трошоците за храна се зголемени за 8%. Сè е поскапено, народот едвај врзува крај со крај. Синдикалната потрошувачка кошничка во април достигна речиси 69.000 денари, а граѓаните имаат сè помалку пари и сè потешко преживуваат од месец во месец, изјави Богданка Кузеска-портпаролка и членка на ИО на СДСМ.
– ВМРО-ОКГ и Мицкоски одбија да го укинат ДДВ на храната, одбија да го намалат ДДВ на горивата на 5%, одбија да ги намалат цените на патарините и одбија да воведат било какви мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Одбија и да ја зголемат минималната плата на 600 евра. Нема помош за ранливите категории, нема помош за пензионерите, студентите, земјоделците, нема антикризни мерки. Граѓаните се оставени сами во криза. Дополнително, владата на Мицкоски доцни со исплатите за социјално и здравствено затоа што нема пари во буџетот.
Последните податоци покажуваат дека стапката на сиромаштија во првата година од владата на ВМРО изнесува 21,9%. Тоа значи дека секој петти граѓанин живее под прагот на сиромаштија. Состојбата е уште поалармантна кај многучлените семејства каде 54,8% живеат во сиромаштија, кај самохраните родители 45,8%, а кај децата и младите до 17 години стапката на сиромаштија изнесува 29,5%. Ова се поразителни податоци и директна последица на неспособната и дилетантска власт на шефот мафијата, Христијан Мицкоски. За две години Мицкоски ги задолжи граѓаните за нови 2,3 милијарди евра. Каде се парите? Па во криминални тендери, нема пари за граѓаните има за богатење на криминалната банда на ВМРО-ОКГ. Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста, вели Кузеска.
