(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски брза на избори од страв од истрагите што доаѓаат по падот на Орбан

Од:

Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на денешната прес-конференција изјави дека, според партијата, премиерот Христијан Мицкоски брза кон предвремени избори поради, како што рече, „страв од истрагите што доаѓаат по падот на Виктор Орбан“.

Димитријевиќ тврди дека со политичките случувања во Унгарија започнува распад на, како што ја нарече, „криминалната мрежа“ во регионот, додавајќи дека се најавуваат истраги кои, според него, би можеле да се прошират и кон други политички актери.

„Сите бизнис-шеми, медиумски влијанија и зделки поврзани со Орбан ќе бидат предмет на истраги“, рече Димитријевиќ, оценувајќи дека тоа создава дополнителен притисок врз актуелната власт.

Од СДСМ велат дека причината за барањето избори е и, како што наведуваат, недостигот на резултати од владата. Димитријевиќ обвини дека не се исполнети клучни ветувања, меѓу кои и економски мерки, повисоки плати и напредок во евроинтеграциите.

Според него, економските показатели се влошуваат, со намалени инвестиции и пад на вработеноста во индустријата, додека јавниот долг расте.

Тој исто така оцени дека владејачкото мнозинство е нестабилно и дека се создаваат политички тензии со цел, како што рече, да се одвлече вниманието од реалните проблеми.

Од СДСМ порачаа дека граѓаните „веќе ги препознале политиките на власта“ и дека партијата е подготвена, како што велат, „да ја врати државата на вистинскиот пат“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски

СДСМ: Поради необјавување на резултатите од анализата на водата – Мицкоски и Клековски шират паника

СДСМ: Загадена вода, скриени анализи и без одговорност – „ароганцијата нема крај“

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мицкоски како СДСМ инсистира да се објави извешатајот за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски на увид во Идризово – стручњак на вистинското место за вистинската тема

Мицкоски го раскажа белгиското патување: Со синовите поминувал по 20 километри дневно, не бил љубител на класични одмори

A1on