(ВИДЕО) Русковска: Ова не е супспензија за Вилма туку за правдата

Од:

Вилма Русковска за својата супспензија посочи дека смета дека тоа е супспензија на правдата. Таа по одлуката на републичкиот обвинител Љубомир Јовески посочи дека никој од нејзините колеги нема сериозно да се занимава со нејзините предмети.

dobivaj vesti na viber

“Ова не го сметам за супспензија на Вилма Русковска туку за правото и правдата. Без разлика што имаше соопштение дека ќе продолжат предметите, не верувам дека било кој ќе се занивама сериозно со нив”, посочи Русковска која денеска до Советот на јавни обвинители поднесе жалба на одлуката на Јавниот обинител Љубомир Јолевски да ја суспендира.

Според неа, со жалбата ги демантира наводите на Јовески со кои и изрече супспензија. За одлуката на Јовески по увидот од двајца обвинители во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, претрсот во Финансова полиција да го прогласи за незаконски, таа вели дека тој е ненадлежен да го констатира тоа.

“Дали е законит претресот или не е, исклучиво одлучува судот. Ние како обвинители сме странки и не можеме да кажеме дали претрсот е законит или не е законит. Било кој што сметал дека му е повредено некое право, имал право да вложи жалба до судот. Сметам дека кривична пријава е кривична пријава”, додаде Русковска.

За случаите поврзани со работата на станица за технички преглед поврзана со „Беса транс“, како и за предметот кој се однесува на Финансиската полиција, кажа дека постапувала. Не откри дали пред претресот во Финансиската полциија имала било какви докази.

“Во првиот случај за Станицата за технички преглед немаше наредба за претрес. Беше одземена документација само. За Финансиската полиција, јас во вторникот сослушав сведок. За средата имав сослушување на двајца сведоци”, додаде Русквоска.

Таа кажа дека треба да ги предаде предметите кои ги работела, а за предметот поврзан со работата на Финансиската полиција посочи: “Не дојдовме до докази. Ние со претресот ги наброивме кои предмети треба да ни бидат доставени. Од 300 преdмети доставени се 30 предмети”.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов

Муареми ќе го гони обвинителката која се спогоди за „Империја“, а Спасовски е во рацете на обвинителката која го гони Зеќири

Кристијан Ландов

Пеливанов на местото на Русковска, додека таа е суспендирана

Кристијан Ландов

Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Кристијан Ландов

Русковска: Шпекулација е дека се подготвувало апсење на министер, требаше да се сослушуваат сведоци за случајот

Кристијан Ландов

Русковска џабе го „тресела“ Муареми, планирала и парично да го казни ама ја суспендираа

Кристијан Ландов