За Вилма Русковска, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција функционира одлично и има резултати. Но, признава дека има и притисоци. Според нејзиното сведочење при дебатата на „А1он“, на неа и кажале: „Пази што правиш, можеш да завршиш како Катица Јанева“. Очекува победа, а сигурна е 102,5%. Во дебатата, Русковска посочи: „Опозицијата не ме запишува, а позицијата ме отпиша“.
„Не се согласувам дека обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има мала доверба. Напротив“, додаде таа..
Одговори и дали барала одобрение пред да гони актуелни функционери од власта.
„Јас знаете што реков кога почнав актуелни функционери да гонам имаше една реченица во ‘Среќна нова 49’, легендарна реченица и секогаш ја споменувам вели ‘Истокот не отпиша, Запад не нѐ запишува’. Значи мене опозицијата никогаш ме немала запишано, а позицијата ме отпиша“, рече Русковска па одговори на тоа што значело нејзиното запишување кај власта која сега ја отпишала.
Себеси, се претстави како безгрешна. Не ги прифати замерките од колегите кои претендираат да ја добијат позицијата дека пречесто била на телевизија и коментирала за дисциплинската постапка.
„Одлично си ја работам работата“, контрираше Русковска.
Таа одговараше и дали ги штитела обвинителите кои не работеле во ОЈО-ГОКК. Зборуваше и за „тресењето од гаќи на судиите“.
На прашањето дали камшикот удри по нејзин грб, додаде: „Па не, ако мислите дали ми е загрозен угледот меѓу колегите, мислам не. Напротив мислам дека сега имам поголем поддршка од колегите него што сум имала претходно“.
Обвинителката ако не стане шефица, нема да се врати да биде основна обвинителка, открива во дебатата.