„Глодари“ испраќаат анонимни пријави, Абази шири паника – Мицкоски за шпионската афера во претседателскиот кабинет

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека анонимната група вработени која испратиле пријава за наводната шпионска афра во Кабинетот на претседателката Гродана Сиљановска-Давкова се всушност шпионски талог заостанат во институциите од времето на некои претпхни премиери и претседатели.

– Тоа се шпионски талог на општеството, структури од минатото коишто се наоѓале во кабинетите како глодари на некои поранешни политичари, претседатели, премиери и тие се претставуваат како група вработени и испраќаат анонимни дописи до обвинителства. Се разбира, тука е Ислам Абази веднаш да истрча и да создаде паника во јавноста дека нешто се случувало. Јас не би ги коментирал овие глодари бидејќи мислам дека треба да ги заборавиме, рече Мицкоски.

Од Обвинителството за организран кримнал и корупција потврдија дека веќе пет месеци се спроведува предистражна постапка за сомневања за нелегални активности во Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска-Давкова во вилата на Водно, поврзани со можно неовластено извлекување доверливи податоци.

Од ОЈО ГОКК информираат дека предметот бил оформен на 18 декември 2025 година, по известување добиено од Министерството за внатрешни работи – Секторот за компјутерски криминал, кое се однесувало на настан од 24 ноември 2025 година и на, како што велат, „индиции за недозволени активности од висок државен интерес“.

Би можело да ве интересира

Фатон Азизи кандидат за шеф на Обвинителството за организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Филипче: Повикувам на мобилизација, да со спречиме Мицкоски да ја жртвува водата и струјата за профити од дата-центри

ВИДЕО: Мицкоски има две третини во Собранието, не му треба СДСМ за предвремени избори, не влегуваме во таа игранка, порача Филипче

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: СДСМ нема да биде алиби за предвремени избори, вели Филипче

Катерина Ѓуровски

Обвинителството ја затвори истрагата за изградбата на модуларните болници, немало злоупотреби

Катерина Ѓуровски