ВИДЕО: Уапсени осум педофили – децата жртви ги наоѓале на социјалните мрежи

Од:

Преку социјалните мрежи мамат малолетници да им достават недолични фотографии или видеа кој подоцна ги делат по групи каде загрижувачки членуваат голем број луѓе. Полицијата од целиот Балкан открива случаи на педофилија и злоупотреба на малолетници. Во последниот случај неделава уапсени се осум лица.

Педофилите оперираат на целиот Балкан. Таква беше и групата наречена „Популација Балкана“, во која членовите беа главно Македонци и Срби, се разменуваа аудио и видео снимки, фотографии, телефонски броеви и место на живеење на жени, девојки и девојчиња.

Минатата година и Македонија ја вознемири информацијата за групата „Јавна соба“ на Телеграм каде се делеше порнографски материјал и фотографии од малолетнички. 102.000 фотографии и видеа биле најдени во телефонот на основачот на групта, а над 14.000 фотографии и видеа кај модераторот, кои добија казни затвор.

Откако јавноста дозна за овие групи дел од нив се затворија, но педофилите не мируваат, како што се затвора една, така се отвораат други групи.

Последниот случај доаѓа од Србија. Во голема акција на полицијата наречена Армагедон уапсени се 8 лица за педофилија и делење на порнографски материјал. Оваа акција трае неколку години и досега во неколку наврати се уапсени преку 30 педофили. А вознемирувачко е што очигледно педофилите од Балканот соработуваат меѓу себе и си делат видеа и фото од деца, па така деца од Македонија може да се најдат на групите во Србија и обратно.

Во апсењето пред една година во Србија најдени се огромен број фото и видео од деца, а според извори на српските медиуми, ниту едно од децата не било од Србија.

– Во компјутерите на неколку педофили од Србија се пронајдени и слики од бебиња и деца на возраст од три до седум години. Според нашите информации, тие купувале порнографски содржини со деца од луѓе од странство и од Балканот Со вештачење е утврдено дека меѓу децата нема деца од Србија – вели извор на медиум во Србија.

Во последното апсење неделава, според информациите од српската полицијата уапсените подолг временски период преку социјалните мрежи и мобилните апликации таргетирале и стапиле во контакт со малолетници. Откако ќе ја стекнеле довербата на децата, со измама ги терале од нив да добијат недолични снимки кои подоцна ги делеле на други лица.

Но не сопреле тука. Полицијата има сознанија дека договарале и средби со дел од малолетниците со намера да стапат во сексуални односи со нив.

Следени се подолг период и уапсени се 8 лица – Љ.С. (40), Д.М. (51), С.П. (24). М.Ј. (56), З.З. (50), И.Б. (46), Д.К. (27) и М.И. (39), кои се осомничени дека споделувале содржини на интернет создадени со искористување на малолетници во порнографски цели., експлоатација на деца. А МУП на Србија објави и видео од приведувањето на осомничените.

Во акцијата се пронајдени и одземени уреди на кои складирале и споделувале содржини создадени со експлоатација на малолетници за порнографски цели. А според обемниот материјал кои го поседувале, полицијата се сомнева дека оваа мрежа била разработена и активна подолг временски период.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа.

Педофилите од Балканот ги користат сите социјални мрежи. Случаи откриени од полицијата имало и на Фејсбук, Вибер, Твитер, Телеграм, Тик Ток и останатите социјални мрежи и апликации.

Случајот со Јавна соба во Македонија навидум доби завршница.

Полицијата успеа да пронајде и обвини дел од креаторите. За првиот случај Јавна соба, имаше пресуда против креаторот на групата и администраторот, кои беа осудени на по четири години затвор. Беа обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија бидејќи дозволиле во групата да биде постиран видео запис со секусално злоставување на дете не постаро од пет години.

Откако јавноста дозна првата група беше во мирување, но никна нова „Јавна соба“ која по многубројни пријави беше блокирана поради ширење порнографски содржини. Па никна нова – група со име „Јавна соба-резерва“.

Како што се затвора една, така се отвораат други групи, а се дозна дека лица дури и нуделе пари за да бидат дел од таков вид на група.

Педофилите ги демнат децата на социјалните мрежи. Психолозите и полицијата советува да проверувате кој и што им пишува на вашите деца и веднаш да пријавите и алармирате доколку забележите недолични преписки или обиди за манипулација на вашето дете. Отворете очи бидејќи во случајот со Јавна соба на пример креаторот на групата беше на возраст од 33 години, семеен човек со двегодишно дете. Администраторот пак скопјанец кој требало да стане полицаец.

Би можело да ве интересира

Една четвртина од младите се пречесто на социјалните мрежи, според нив, партиите се најголем извор на неточни информации

Орце Костов

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Таткото на еден од осомничените за убиството на малата Данка: Не се однесуваше чудно, не ни зборуваше за исчезнувањето на девојчето

Додека цела Србија ја барала Данка, осомничените се однесувале како ништо да не се случило – оделе на работа , шетале низ селото

Ова се осомничените за убиството на малата Данка – Полицијата донесе еден на местото на злосторството

Флорида ќе им забрани на децата под 14 години да користат социјални мрежи

Катерина Ѓуровски