(ВИДЕО) Ристоска: МВР декласифицираше голем дел од доказите за Тврдина 2

Од:

Успеавме да добиеме решение за декласификација на голем дел од доказите, на наредното рочиште ќе видиме што ќе се случува, рече обвинителката Ленче Ристоска по одложувањето на судењето за случајот „Тврдина 2“.

Таа истакна дека и натаму имаат отежната соработка со Управата за безбедност и контраразузнавање.

Ристоска во судницата нагласи дека МВР донело решенија за декласификација на најголемиот број на доказите, а единствено останале класифицирани деловодните книги.

Според неа, УБК одбива да ја прими поштата од Специјалното јавно обвинителство, по што сите дописи се доставуваат преку министерот Агим Нухиу.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше