ВИДЕО: Продолжува борбата за спас на ГТЦ од барокот

Од:

Поттикнати од најавите за започнување на затворањето и преобликувањето на ГТЦ во февруари 2015 година, иницијативата Го сакам ГТЦ продолжува низ различни форми на креативно изразување, јавно говорење и институционални реакции да го искажува својот став за зачувување на автентичноста на Градскиот трговски центар. Први што ја поддржаа оваа иницијатива се архитектите од Асоцијацијата на архитекти на Македонија.

– Асоцијацијата на архитекти ја поддржува граѓанската иницијава „Го сакам ГТЦ“ и секогаш ќе биде за одбрана на автентичноста на ГТЦ, затоа што, како што рекол професор Чипан: „Градски трговски центар е симбиоза на животот“. ГТЦ остана како симбол на борбата против се’ она што му се случува на нашиот град. Архитектите, сигурно дека мора да понесат дел од одговорноста и ако успееме да го спасиме ГТЦ ќе се спасиме и себе како професија, рече Сања Раѓеновиќ Јовановиќ,претседателка на ААМ.

Таа потсети дека Асоцијацијата на архитекти продолжува со сите легални средства да се бори против „барокизацијата“ на ГТЦ, а исто така дека уште во јуни има поднесено иницијатива до Општина Центар за распишување на референдум за ГТЦ, но оттаму се уште нема одговор.

Раѓеновиќ изрази сомнеж дека визибилити студијата за јавно приватно партнерство за ГТЦ, која треба да ја анализира исплатливоста и што значи промената

– Би сакала визибилити студијата да биде поволна по нашите очекувања, но познавајќи ги околностите, не сум сигурна дека тоа ќе се случи, рече Раѓеновиќ.

Според Никола Писарев, активист од иницијативата „Го сакам ГТЦ“ таа студија треба да ги испита економските аспекти, а бидејќи секоја таква студија се занимава со околината, а околината на ГТЦ се граѓаните на Скопје, па мора да се има предвид и нивното мислење.

– Цела оваа кампања што ја правиме цел месец декември и големата протесна забава на 28 декември со мотото „Во новата година со стариот ГТЦ“ треба да им покаже и на приватните инвеститори дека мора да постои граница на приватниот капитал и граница каде што мора да се зачува интересот на граѓаните, а токму тоа е ГТЦ и целата иницијатива е за зачувување на еден објект кој што е премногу важен за Скопје. Многу луѓе го препознаваат ГТЦ како срцето на градот, кое што во моментов, како и целиот град е во прединфрактна состојба, а ние имаме одговорност кон идните генерации да им го предадеме овој објект ваков отворен и убав, рече Писарев.

Протестите, собирањето потписи, симболичното гушкање „Го сакам ГТЦ“ започнаа во јуни 2013 година како реакција на проектот за нова фасада во т.н.р. „барок стил“ и доградба на Градскиот трговски центар со кој целосно би се уништила препознатливата архитектура на објектот, како и неговата урбанистичка улога на „улица“ низ централното градско јадро.

Првата поголема средба на волонтери кои ќе се вклучат во оваа иницијатива ќе се одржи на 5.12.2014 (петок) во Мобилната Галерија во Паркот на Франкофонијата од 18 часот, во ГТЦ ќе биде поставен штанд за да граѓаните се потпишуваат против уништувањето на ГТЦ. Досега се собрани 6000 потписи, а во оваа иницијатива се вклучени и многубројни видни скопјани.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

МВР потврди: 55 годишна е жената која падна од терасата на ГТЦ

Анита Петровска Рајковиќ

Жена се фрли од терасата на ГТЦ – момче се обидело да ја спречи, но не успеало

Анита Петровска Рајковиќ

ГТЦ лани издвоил 1,3 милиони евра за струја и 2022 ја завршил со минус од 645.000 евра

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ