ВИДЕО: Поради лични интереси и партиски ургенции, 13-годишната Јована не може да излезе од својот дом

Од:

13-годишната Јована од Кавадарци покрај отежнатото движење и шесте операции на ногата има дополнителен проблем да излезе од својот дом. Патот кој води до семејната куќа на Јована е блокиран и непрооден.

Самохраниот татко на Јована, Игор Илиоски, веќе подолг период упатува жалби до оштината за проблемот со кој се соочуваат тој и неговата ќерка. Според Игор, соседот кој преку партиска помош од општината успеал да ја легализира улицата, почнал да гради гаража пред самиот влез на куќата на Илиоски.

-Соседот некако успеа да го легализира патот, најверојатно со некаква партиска помош од општината. Сега за да стигнеме до дома треба да кружиме преку цел рид, вели за А1он Игор Илиоски, додавајќи дека со овој проблем се справува веќе 36 години.

Како што тврди Илиоски, според урбанистичкиот план на местото кое сега е легализирано и претворено во непроодно градилиште стои дека треба да има асфалтиран пат кој ќе поминува покрај семејната куќа на Илиоски.

Жителите на овој дел од Кавадарци имаат и друга улица која поминува покрај капелата на муслиманските гробишта , но од ИВЗ Кавадарци поставиле метална порта поради камионите кои носеле градежни материјали и неколкупати ја оштетиле водоводната и канализационата мрежа, па овој пат не им останува како солуција безбедно да стигнат до своите домови.

Од општината велат дека интензивно бараат решение за оваа ситуација кое ќе оди во прилог на сите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Патот Маврово-Галичник уште е непрооден

Обвинение за каварадчанката која со чекан ја уби мајка си, била со намалена пресметливост

Катерина Ѓуровски

Поради снег непрооден патот кон Танушевци, Брест и Малино

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег

Катерина Ѓуровски

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”