Пожарот кај Кавадарци се уште е активен, гаснењето продолжува и во текот на ноќта

Од:

Пожарот во кавадаречкиот регион и натаму е активен, а негово целосно ставање под контрола во текот на вечерта не е можно, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Тој додаде дека огнот зафатил претежно нискостеблеста вегетација, а силниот пламен што повремено се појавува е резултат на согорувањето на голем број ниски смреки.

Ангелов истакна дека кавадаречките пожарникари ќе продолжат со интервенцијата и во текот на ноќта, во обид да го спречат понатамошното ширење на огнената стихија.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али е на терен и заедно со Ангелов одблиску ги координираат активностите за справување со пожарот.

Али апелира до сите граѓани да покажат максимална внимателност и да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар, бидејќи високите температури и ветерот придонесуваат за негово брзо ширење.

Во акцијата за гаснење останува вклучен и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е на терен заедно со пожарникарите.

-Во гаснењето учествуваат четири пинцгауери, два унимога, камион на Шумското стопанство, два џипа и два авиони на Дирекцијата за заштита и спасување, а од 18:00 часот во акцијата ќе се вклучат и два хеликоптери на Министерството за внатрешни работи и Армијата, објави на Фејсбук градоначалникот Јанчев.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

(ВИДЕО) Голем пожар уништи еден од најпознатите париски пазари

Уапсен е 25 годишник во село во Старо Нагоричане – пијан предизвика пожар

А1он

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија