(ВИДЕО) Палевски бил уапсен додека се движел пешки по автопат, а најмил такси за да лажира дека оди за Истанбул

Од:

Адвокатот на Љупчо Палевски со своето возило „шкода суперб“ го однел убиецот на Вања во Србија и го оставил во хотел, откри детали од истрагата министерот Оливер Спасовски објаснувајќи ја рутата на бегство на Палевски кој попладнево беше уапсен во Турција.

– Оттаму следниот ден го превзема исто така друго лице од Скопје со џип „ренџ ровер“ и преку граничниот премин Градина влегуваат во Бугарија. Кога влегува во Турција, осомничениот оди во градот Баликесир. Нашите служби стапија во контакт директно со полицијата и со еден нивен оперативен извор од градот кој за кратко време ни врати повратна инфоркмација дека лицето се наоѓа во тоа место и ни кажа за неговите намери.

Изворот ни кажа дека Палевски оттука сака да замине во Истанбул, но Палевски таму останува и најмува такси возач за да лажира дека оди во Истанбул. Од изворот знаевме дека тој не заминал за Истанбул. Денеска попладневно од страна на колегите е уапсен додека се движел пешки по автопат во Баликесир, не во Истанбул – рече Спасовски.

Тој се заблагодари до сите колеги кои беа на рутата на движењето на осомничениот.

– Мораше сето ова да биде потврдено дека се работи за него и да добиеме потврда од страна на турски Интерпол – додаде Спасовски и ја покажа потврдата со која Турција известила дека е уапсено лицето Љ. П.

Би можело да ве интересира

Четиринаесет уапсени во борба против мафијата: Голема рација во Италија

Контраадмирал на НАТО: Турција мора да одговори на украинските напади во Црното Море

Турција: Не е можно да се обезбеди европска безбедност без нас

Папата Лав XIII ги зајакнува односите со Православната црква и го поддржува Либан

Ердоган: Турција се соочува со катастрофа

Турција е подготвена да преземе одговорност во Газа

Горан Наумовски