(ВИДЕО) Ордановски: Оставката на Јанакиески е од поодамна поднесена

Од:

Оставките не се резултат на подготвеноста на Груевски за политички дијалог, туку се резултат на притисокот за некои работи кои не ги знаеме, а кои се случуваа околу кумановската операција, вели политичкиот аналитичар, Сашо Ордановски, кој денеска учествуваше на дебатата „Криза во Македонија“ организирана од невладинта „Цивил“.

Според него министерот за транспорт, Миле Јанакиевски, својата оставка ја поднел многу порано пред да биде тоа објавено, а следува откако подолго време не се појавувал на работа.

Во својата анализа за прашањата што придонесе за најблиските луѓе на Груевски да поднесат оставки, Ордановски вели дека причините се поврзани со настаните во Куманово.

– Груевски не сака компромиси туку работи под принуда. Тоа го покажува изборот на Чавков, што е директно кршење на Уставот. Не е никаков аргумент тоа што и претходно имало таков случај, тоа би значел дека и порано имало лопови, па мора и овие да крадат. Ќе беше коректно кога веќе оваа министерка си дава оставка, да не се пополнува местото, додека не се врати опозицијата, па да се избере нов министер за внатрешни работи во друг политички процес – вели тој.

Процесот за формирање на нова влада, според него, е веќе започнат како резултат на жестокиот притисок во македонската јавност врз Груевски, но и како резултат на притисокот од страна на меѓународната заедница.

– Странците дојдоа до точка кога веќе отворено се однесуваат кон Груевски како кон нелегитимен автократ на власта. Во меѓународната заедница повеќе нема никаква дилема дека оваа влада на чело со Груевски мора да замине – посочува Ордановски.

Тој очекува дека во следниот период во институциите ќе се прават обиди да се уништат доказите за незаконитото владеење, а при тоа вработените секретари, заменици, советници и директори ќе се бидат принудени да ги кршат законите.

Со 2-3 средби на партиските лидери, вели Ордановски, нема да се постигне експертска, преодна влада, но и по можното постигнување на ваков договор, посочува тој, сепак државата нема толку лесно да се ослободи од партијата, затоа што, вели институциите и се целосно потчинети.

– Оваа влада на чело со Груевски работи само под притисок и има црни сценарија во своите тефтери. Никој нека не биде наивен дека со тоа што Мијалков не е повеќе формално шеф на тајните служби, дека ги прекинал сите свои контакти со тајните служби. Мора да покажеме дека ни е доста од наивност и мислам дека големиот момент кога тоа ќе го покажеме ќе биде 17-ти мај. Груевски мора да сфати дека во оваа држава не се сите членови на општинските комитети на неговата партија, а мислам дека и членовите на тие општински комитети ќе бидат на овој протест. Луѓе кои се ориентирани кон неговата партија се свесни дека ВМРО-ДПМНЕ не е Груевски – дополнува тој.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски