Мостот „Око“,ќе го красат 32 скулптури. Ликовите се од пред нашата ера па некаде до XIV век.
Еве кои се сите 32 лика на најновите скулптури од проектот „Скопје 2014“.
1.Митски крал Каран – 9-8 век п.н.е. (808-778 г. п.н.е.) Родоначалник на македонската кралска куќа,
2. Пердика I – 8-7 век п.н.е (700-678) Прв историско-официјален крал од македонската кралска куќа на Аргеадите.
3. Александар I Филхелен – 5 век п.н.е. (прва половина) (498-454). Според Херодод, официјален покровител на Атињаните во Македонија.
4. Архелај I, македонски крал (години на владеење: 413 пр.н.е. – 399 г.пр.н.е.)
5. Аминта III, (393 г. пр.н.е.– 370/69 г. пр.н.е.) Македонски крал кој ја зацврстил македонската држава.
6. Парменион – 4 век п.н.е. (втора половина) Еден од најспособните генерали на Филип II и Александар III.
7. Авдолеон, -(315-285/6 год. п.н.е.) Крал на Пајонија.
8. Филип V, (години на владеење: 221 г.пр.н.е. – 179 г. прн.е.). Претпоследен македонски крал.
9. Персеј, (години на владеење: 179 г. пр.н.е. – 168 г. пр.н.е.) Последниот македонски крал .
10. Тит Флавиј Орест, II-III век. Угледен граѓанин и првосвештеник на Хераклеја Линкестидска,
11. Јулија Тертила, 2 век н.е угледна граѓанка и добродетелка на Хераклејa Линкестидска.
12. Аврелиј Кратет Птолемеев, III век, лихнидски интелектуалец,
13. Публиј Септиј Николај, , III век , угледен граѓанин на Стоби.
14. Будиј (Будиос), на IV век епископ на Стоби,
15. Дионизиј, 343 година прв епископ на Лихнид.
16. Св. Ахил Преспански (Лариски), IV век
17. Хацон, крал на македонската склавинија, VII век.
18. Пребонт, крал на македонската склавинија, VII век.
19. Св. Гаврил Лесновски, X век.
20. Гаврило Радомир- 1014 – 1015) , средновековен македонски цар.
21. Иван Владислав – Македонски владетел со Самуиловото царство од 1015 до 1018 година.
22. Војвода Ивец, X и XI век, благородник и војсководец во Самуиловото царство.
24. Св. Прохор Пчињски, XI век
25. Петар Делјан, 1040 година, водач на словенското востание проти Византија .
26. Георги Војтех, 1072 година, водач на словенското востание против Византија .
27. Добромир Хрс – средновековен македонски владетел на областа околу денешниот град Струмица.
28. Севастократор Стрез ,1207, средновековен независен владетел на областа околу денешните гДемир Капија и Струмица.
29. Михаил и Евтихиј, XIII век, зографи .
30. Св. Јован Кукузел,13-14 век, светец, средновековен црковен пејач и композитор
31. Волкашин – 14 век, македонски крал, татко на Крале Марко.
32. Углеша -14 век ја создал Серската држава.