(ВИДЕО) Николовски: Инспекторите добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените протоколи

Од:

Со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, сите инспекторати сега добиваат нови и поголеми овластувања за постапување со прекршителите на здравствените Ковид протоколи кои што се на сила, изјави денеска вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.

Конкретно на терен, посочи тој, ако инспекторите констатираат одредено прекршување на протоколите од некое правно лице, во истиот момент ќе му биде изречена привремена забрана за вршење дејност од 10 до 30 дена.

– Оваа можност законски инспекторатите ја немаа како инструмент и алатка и мислам дека е неопходна во овој период, изјави Николовски, на заедничка прес-конфернеција со претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашковска, како и директорите на државните пазарни инспекторати.

Висината на глобите, посочи тој, ќе варира во зависност од големината на правниот субјектот – мало, средно или големо претпријатие, како и соодветни глоби за одговорните лица.

– Со ова сакаме да покажеме и поравично и праведност во однос на големината на субјектот и нивото на самата казна, изјави Николовски.

Состојбата, нагласи визепремиерот, е сериозна и затоа е неопходно почитување на мерките и протоколите.

– Почитувањето на мерките и протоколите и инструментите кои ни стојат на располагање со измените значат дека толеранција од институциите за прекршителите нема да има, изјави Николовски.

Анализата на Инспекцискиот совет, посочи тој, е веќе направена и веќе не може да има пречки да не се јакнат капацитетите на инспекторатите.

– Со овие зголемени ингеренции, навистина капацитетите мора да растат и следните чекори на Владата се да се зголеми и кадровскиот и човечки потенцијал за следната 2021 година за сите инспекторати, врз основа на оваа анализа. Владата има воља и разбирање, изјави Николовски.

Би можело да ве интересира

Полицијата во Тетово растури свадба со 110 гости

Нова финта за изигрување на мерките: Плаќаат ноќевање за да можат и по 21 часот да останат во хотелските ресторани

Маја Илиевска-Пачемска

Предлог-протокол за работа на рестораните за свадби и ноќните клубови ќе биде доставен до Комисијата за заразни болести

Ана Ололовска

Сопственикот и уште петмина приведени во нерегистриран ресторан кој работел подоцна од дозволеното

Пандов за „А1он“: Некој јави дека политичар седи во кафеаната, ќе си ја платам казната

Маја Илиевска-Пачемска

Запечатена кафеаната во Стајковци која по работното време ги угости  Неделковски, Пандов и Панчевски

Маја Илиевска-Пачемска