ВИДЕО: Не ќе е чудно во затвор да заврши уредник кој шири говор на омраза

Од:

Во општество како македонското говорот на омраза поминува без да биде санкциониран, дискриминацијата не се казнува, а неретко новинари се напаѓаат меѓу себе и објавуваат клевети за своите колеги со цел да ги дискредитираат.

Во општество како Македонија, тоа не е чудно, но со промените што ќе следат, нема да е чудно ниту ако уредник во медиум заврши во затвор затоа што дозволува говор на омраза и дискриминација преку неговото гласило, вели Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите (СЕММ).

Денеска во ЕУ инфоцентар, се одржа тркалезна маса на тема „Справување со говорот на омраза и дискриминацијата – влијанието на уредниците и предизвиците со кои се соочуваат“ во организација на СЕММ и Македонски институт за медиумите. Според Адамчевски, проблемот за неетичноста во македонското новинарство е тоа што институциите не работат ефикасно. Потребно е вели тој да се активира принципот на саморегулација.

-Во кривичниот законик за говор на омраза и дискриминација се предвидени затворски казни токму за главните уредници, одговорните уредници и сопствениците. Казните не се мали, се движат од една до десет години. Во држава со демократски капацитет како нашиот, законот не се применува. Но со промените што треба да настанат, не значи дека некој уредник или сопственик нема да заврши во затвор. Токму затоа инсистираме на саморегулација – изјави Адамчевски.

До сега во СЕММ се доставени 16 претставки за говор на омраза. Дванаесет се однесуваат на содржини објавен во интернет медиумите, три за национални телевизии и една за печатен медиум. Приговорите биле против напади кон ЛГБТ заедницата, против говор на омраза кон малолетници, политичари и новинари.

-Доколу бевме регуларно општество, овие медиуми ќе мораа да одат на суд. Затоа се залагаме оваа саморегулација да биде што повеќе прифатена за да се избегне говорот на омраза и дискриминацијата. Јас се срамам кога новинари се напаѓаат со новинари, но тоа се случува во вакво нерегулирано општество, иако е неприфатливо – додава тој.

Според Сефер Тахири, член на Комисијата за жалби при СЕММ, медиумите се канал кој го шири говорот на омраза што го креира власта и институциите. Тахири смета дека во овој дел, уредниците имаат одговорност пред јавноста да го спречат тоа.

-Не се медиумите главен фактор кои шират говор на омраза, првенствено тоа се политичарите со нивните официјални ставови и лични мислења. Сметам дека уредниците треба да бидат многу внимателни при селекција на информациите, да не бидат канал за ширење на ваквиот говор. Треба да се зацврсти улогата на уредниците внатре во редакциите за ваквиот говор да се намали, затоа што не може да се неутрализира во целост – изјави тој.

На тркалезната маса учествуваше и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав, но си замина откако го прочита својот говор. Орав зборуваше за европските вредности и за слободата на изразување како клучен сегмент во демократски општества.

-ЕУ ги набљудува прашањата поврзани со слободата на медиумите низ пристапниот политички дијалог и годишниот извештај за напредок. Посебно внимание посветува на борбата против насилство врз новинари, создавање транспарентни пазари и развивање на судство кое ќе биде гарант за индивидуалните права. ЕУ помага во справување со овие преашања преку финансиска поддршка – рече Орав.

Тој додаде дека до сега од ЕУ се поделени 2,5 милиони за граѓанско општествп и програми за поддршка на слободата и интегритетот во медиумите. Во рамки на ИПА2 програмата ќе се обезбеди дополнителна помош за да се зајакнат професионалните новинарски организации и невладините организации кои се залагаат за слобода на медиумите.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите