ВИДЕО: Над 40 станари, меѓу нив и деца се затруле со чад во опожарената зграда во Чаир

Од:

Триесетина возрасни станари и 12 деца од опожарената заграда во Чаир побарале лекарска помош поради труење со чад потврдуваат од Клиниката за токсикологија и од Детската клиника.

Пожарот кој почна некаде околу 2 часот по полноќ е делимно под контрола информираат од скопската противпожарна единица. Велат дека имало многу густ чад кога пристигнале и со потешкотии ги евакуирале станарите кои пожарот ги фатиил на спиење.

На Клиниката за токсикологија помош побарале триесетина луѓе. Сите ги имале типичните симптоми на труење со чад вели директорот на клиниката Андон Чибишев. Четворица кои имале потешка симптоматолигија и се повозрасни се задржани на болнички третман потврди Чибишев.

На Детската клиника биле донесени 12 деца, најмалото на петмесечна, а најголемото на 11-годишна возраст. Сите имале симптоми на труење со чад потврдуваат од Клиниката. Само две деца се задржани, останатите на барање на родителите биле пуштени дома.

Во гаснењето на пожарот порадив вдишување чад, лекарска помош побараа и еден пожарникар и полицаец. Над 100 луѓе беа евакуирани. Интервенцијата на пожарникатите уште трае.

Би можело да ве интересира

Пет активни пожари, еден под контрола, а шест се изгаснати

Горан Наумовски

Во пожар изгореа неколку стари куќи во прилепско Чаниште – нема жртви и повредени

А1он

Маж (70) почина при пожар во Смедерево

А1он

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

Денес 10 пожари на отворен простор, засега пет се активни