(ВИДЕО) Миновски: Политичката дискриминација најтешко се утврдува

Од:

Граѓаните немаат доверба во институциите на државата за да истераат правда во случаите на политичка дискриминација, Законот за заштита и спречување на дискриминација треба да се менува, 99 отсто од случаите завршуваат негативно по жртвите на дискриминација по основа на политичка припадност, ова беше дел од прашањата за кои денеска дебатирааУранија Пировска – извршна директорка на Хелсиншкиот комитет и Душко Миновски – претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.

– Искуството што го имав прво во канцеларијата на јавниот правобранител и сега во Хелсиншкиот комитет за човекови права, политичката дискриминација особено е евидентна пред изборните процеси и непосредните по нив. Овие случаи, во најголем дел, околу 99 отсто завршуваат негативно по жртвите на оваа дискриминација која што, народниот правобранител милува да ја нарекува – најсурова, иако во последно време тој не се справува баш кога станува збор за случаите на дискриминација, а има навистина голема надлежност и мандат. Единствено по што се разликува неговиот мандат од оној на Комисијата против дискриминација е што не може да постапува во приватниот сектор, а Комисијата тоа го може. Но, дејството на неговите одлуки и обврзаноста на институциите да одговорат на неговите барања е навистина многу голема. Тој може и превентивно да делува во одредени сегменти. Селективноста на судството не се случува само кај политичката дискриминација. Имаме примери кога од една страна е висок функционер од власта или јавна личност блика до структурите на власт, тогаш обично предметот завршува негативно за граѓанинот. Ние тоа го забележуваме и во случаите на полициска бруталност и во сите оние случаи каде државата треба да одговори зошто дозволила да се случи повреда на правата на граѓаните, рече Пировска.

Според неа, клучно е органите и телата да имаат финасиска независност за да можат навистина да ги исполнат своите функции. Пировска нагласи дека тоа е и еден од клучните критериуми што ги пропишуваат париските документи.
Претседателот на Комисијата за заштита од дискриминација, Душко Миновски, кој е вработен во Министерството за труд и социјална политика, се согласи дека Комисијата нема доволно финансиска независност и дека е тоа пречка за извршување на нејзините задачи. Тој Македонија ја споредуваше со Шведска каде од 2500 претставки за дискриминација, позитивно биле решени само 10 отсто, односно 250 претставки.

– Не е едноставно некого да го обвините дека е дискриминатор, а утре да испадне дека такво нешто не се случило и тоа е многу поголемо зло, отколку да почекате и да приберете докази. Во однос на дискриминацијата по основ на сексуална ориентација имаме добиено 14 претставки и во 4 сме утврдиле дискриминација, што како процент е доста висок. Можевме да речеме дека не е експлицитно наведено и со резерва да постапиме, но ние тоа не го сторивме, туку постапувавме и кога очекувавме дека на првата препрека евентуално би ни се јавил министер или друг авторитет, тогаш се препчати тој дел на учебникотрече Миновски.

Според него, потребна е измена на Законот против дискриминација и воведување на сексуалната ориентација како основа за дикриминација.

Тој тврди дека политичката дискриминација сепак најтешко се утврдува и најтешко се наоѓаат докази за неа, при што наведе два примери на вработени службеници во Пошта и во Општина Карпош кои поднеле претставки за политичка дискриминација.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов