(ВИДЕО) Милчин: Доколку добијам во Стразбур ќе се бара одговорност од лустраторите

Од:

Mеѓународниот суд за човекови права во Стразбур ја прифатил тужбата на Владимир Милчин, режисер, професор и извршен директор на Фондацијата Отворено општество Македонија, која тој ја поднесе против одлуката на Комисијата за лустрација, а потоа и на Вишиот управен суд во Македонија.

-Мојот правен застапник Љубомир Михајловски и јас добивме писмено известување дека жалбата за случајот на моето лустрирање е прифатена, што значи дека Судот ќе ја разгледува на рочиште и ќе донесе пресуда, колку брзо тоа ќе биде – не знам, во секој случај, за да прифата апликација, тоа значи дека нашле причини, односно дека најдени се прекршувања на Европската конвенција за човекови права, вели Владимир Милчин.

Тој и неговите правни застапници барале јавна расправа во Судот во Стразбур, што во овој суд не е правило.

-Едниот проблем се состои во самите пресуди, во потврдувањата на решенијата на комисијата. Вториот проблем беше што во некои случаи, управните судови и основниот и вишиот, толку го тегнеа тој рок, што де факто не’ ставија во ситуација да ние неколку години живееме со таа стигма што ни ја стави комисијата на претседателот без мандат Аџиевски.

Дефинитивно, ако одлуката на Судот во Стразбур, доколку биде во наша корист, не велам само во моја, тој ќе побара и одговорност од тие кои тоа го правеле, рече Милчин.

Од личностите што се лустрирани во Македонија од страна на комисијата за лустрација, поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски исто така, има поднесено жалба до Судот за човекови права во Стразбур и голема е веројатноста дека сите пресуди за лустрираните во Македонија, Судот ќе ги објави во исто време.

Би можело да ве интересира

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

Милчин: Милошоски не може да разбере дека критиките кон Заев не се со цел Мицкоски да дојде на власт

Ана Ололовска

Милчин: Признавам, не верувам веќе во Заев, се излажав

Наум Локоски

Стражарат и кај Милчин – Уште не тепале

Ана Ололовска

Милчин: Дека Груевски лаже не е тајна, неговата фиксација навлегува во подрачјето на психопатологијата

Емир Латифовиќ

Милчин: Партијата му (онаа на Грујо, де!) одамна ја голтна државата

Емир Латифовиќ