Милчин: Дека Груевски лаже не е тајна, неговата фиксација навлегува во подрачјето на психопатологијата

Од:

Владимир Милчин кој до средината на 2015 година беше извршен директор на Фндацијата Отворено општество Македонија, во текстот за Дојче Веле возврати на обвинувањата на Никола Груевски за кого кажа дека “Македонија не смее да остане приватен посед на Груевски и неговата клика“.

dobivaj vesti na viber

„Човекот што 25 години е главен на институтот Отворено општество во Македонија е член на Централниот одбор на СДСМ. Тие не се ни кријат дека се дел од СДСМ. Имаат говори против нас на политички митинзи организирани од СДСМ. Затоа ние почнавме да ги поистоветуваме и велиме СДСМ/Сорос“, кажа Груевски во интервјуто.

„За злосторствата на овој деспот Македонија знае доволно. За неговото разобличување и јас лично имам значаен придонес и тоа веројатно е објаснение за неговата фиксација која навлегува во подрачјето на психопатологијата. Тоа дека Груевски лаже не е никаква тајна, но сега веќе не знам дали ги лаже другите или се лаже самиот себеси за да си го објасни она што му се случи: Ја изгуби апсолутната власт врз граѓаните на Македонија, а ја изгуби и поддршката од најважните задгранични пријатели. Од ден на ден е се поосамен. Премногу војни отвори и дома и во странство“, оценува Милчин за Дојче Веле.

Притоа ги лоцира невистините изнесени во интервјуто.

„Излажа дека Сорос само еднаш бил во Македонија, само во Скопје и тоа 1991. година! Во таа година ниту Сорос ја видел Македонија ниту имал фондација овде! Фондацијата е основана во септември 1992. година и тогаш Сорос прв пат дојде во Скопје.

Како лага го оценува и тврдењето на Груевски дека Сорос годишно давал по 8 милиони евра! „Не прекардашил, туку дуплирал!“, вели тој.

„Лаже Груевски и кога тврди дека јас седам во Централниот одбор на СДСМ, иако знае дека јас гласав против составот на владата што ја предложи Бучковски и два дни потоа си поднесов оставка. Тоа беше во 2005. година! Зар Груевски, новопечениот лидер на ВМРО, ќе ме поканеше на ручек во четири очи во ресторанот ‘Томче Софка’ ако не знаеше за мојата оставка, за која известија и некои медиуми?

Кога Груевски прв пат стана премиер, јас му испратив писмо во името на Фондацијата и му понудив соработка во европеизирањето на Македонија. Одговор не добив. Набргу ми стана јасно и зошто: тој имаше намера да ја грујовизира, а не да ја европеизира Македонија!“, потенцира поранешниот директор на ФООМ за Дојче Веле.

Според него, токму тоа е причината за отпорот кој почна да расте во граѓанското општество, за брановите од граѓански протести предизвикани не од соросовите пари, туку од криминалите на злосторничкото здружение предводено од Груевски. „Кога граѓаните се кренаа, СДСМ сѐ уште беше во нокдаун. А потоа дојдоа ‘бомбите’ на Заев и гнасотилакот на режимот на Груевски веќе не можеше да се крие. Да, јас бев еден од говорниците на величествениот митинг на ‘Граѓаните за Македонија’ на 17 мај 2015 година. И не говорев тогаш прв пат против режимот кој ми се закануваше и ме клеветеше во континуитет, почнувајќи од 2007 година. И не ми беше потребен СДСМ за да сфатам какво зло ја најавнало Македонија и ја дотерало до работ на бездната“, дециден е Милчин, вели Милчин.

Би можело да ве интересира

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

Милчин: Милошоски не може да разбере дека критиките кон Заев не се со цел Мицкоски да дојде на власт

Ана Ололовска

Милчин: Признавам, не верувам веќе во Заев, се излажав

Наум Локоски

Стражарат и кај Милчин – Уште не тепале

Ана Ололовска

Милчин: Партијата му (онаа на Грујо, де!) одамна ја голтна државата

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Устав без држава не бидува

Емир Латифовиќ