ВИДЕО: Мијалков и „алфите“ ги гледаат снимките од апсењето на Љубе Бошкоски

Од:

Во кривичниот суд во Скопје продолжи судското рочиште за предметот „Тортура“ на СЈО. Обвинетиот ексдиректор на УБК, Сашо Мијалков, и петте „алфи“, во судницата ги гледаат снимките од увидот на МВР при апсењето на Љубе Бошкоски во случајот „Кампања“.

На снимките во судницата се гледа како камерите на МВР ги зумираат еврата во сума од по 100 евра, хартиена кесичка, палка, 3 мобилни телефони… Исто така се гледаат службени лица во цивилна облека и крим техничари како прават увид на самото место.

Предметот „Тортура“ се однесува на апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори. Обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на единицата „Алфи“, Ивица Антевски-Пуки, и уште петмина припадници на едницата за апсењето на Бошкоски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Љубе за пресудата: Сите видоа како ми ставаат пиштол на образ, а за судот нема тортура

Анита Петровска Рајковиќ

Апелација ја потврди ослободителната пресуда на Мијалков за „Тортура“

Катерина Ѓуровски

Вишо обвинителство бара Мијалков да се ослободи за „Тортура“ – жалбата на колегите од ОЈО да се одбие