(ВИДЕО) Мас: Нема подостојни за наградата „Евалд Фон Клајст“ од Ципрас и Заев

Од:

Наградата „Евалд Фон Клајст“ што Минхенската конференција за безбедност ја доделува како признание за особен придонес за мирот и стабилност во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, на двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, им ја врачи министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија Хаико Мас. Наградата на Заев и Ципрас им беше доделена поради потпишувањето на Договорот од Преспа.

„Вашиот успех излегува не е само регионален. Тој го инспирира светот. Еден мој меѓународен колега пред неколку недели ми рече: „Деновиве, надежта ни доаѓа од Балканот“. Тоа многу кажува за обемот на вашето достигнување, но кажува многу и за сегашната состојба во светот. Во тој свет Европа има само еден избор: обединување или откажување. Вие двајцата отсекогаш сте го разбирале тоа. Вие го одбравте патот на компромис и почит, на мир и регионална стабилност. Во суштина, вие го одбравте европскиот пат. Во време кога популистите расправаат дека Европската унија сака да го избрише нашиот национален идентитет, вие ги научивте моќна лекција: не губите ништо кога дејствувате европски“, изјави Мас за време на доделувањето на наградата.

Напротив, додаве Мас, Европа значи да се добие дополнителен идентитет – европски. „Може да бидете горд граѓанин на Скопје, на Северна Македонија и на Европа, во исто време. Убавината на нашиот европски идентитет лежи во тоа што нè обединува во нашата различност.

Господа премиери Заев и Ципрас, Евалд Фон Клајст се одликувал со многу од особините кои вие ги покажавте. Ги одбил сите форми на национализам, покажал огромна храброст кога се приклучил на силите на отпорот за да стави крај на нацистичкиот режим. И никогаш не престанал да верува во способноста на луѓето заеднички да работат во полза на мирот.

Затоа, не можам да се сетам на други двајца подостојни приматели на наградата Евалд Фон Клајст од вас двајца, Алексис Ципрас и Зоран Заев“, заклучи Мас.

 

Би можело да ве интересира

Гатилов: Европа создава свој нуклеарен штит поради сомневања за САД

„Фајненшл тајмс“: ЕУ размислува да се откаже од големите пакет – санкции против Русија

Исландската опозиција ѝ порача на ЕУ: Не се мешајте во нашиот референдум

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Мал авион се урна врз куќа во Германија – пилотот загина

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он