(ВИДЕО) Марин: Коневски да одговори дали рекламите се контра-услуга за поволности при изнајмување на базенот

Од:

„Ивица Коневски се уште останува на тврдењето дека скапите реклами за неговата кампања му ги изработуваат и емитуваат бесплатно, без притоа да наведе кој и за каква цел го прави тоа. Последните информации до кои дојдовме ги подгреваат сомнежите дека зад наводното бесплатното продуцирање и емитување на рекламите, стои размена на услуги од која профитира Коневски, а губат граѓаните и општината.

Затоа, денеска го прашуваме градоначалникот во заминување:

Дали наводно бесплатните реклами се всушност контра услуга за поволности при изнајмување на воениот базен?
Дали ваквите против услуги со фирма која ги продуцирала спотовите е причината што Коневски крие кој ги изработил?
И дали ваквата размена на услуги е причината што Коневски не објави ниту еден договор за снимање и емитување реклами, иако тоа е законска обврска.

Коневски треба да одговори:

Дали е вистина дека добил контра услуги од компанија на сметка за добивање поволности при издавање на овој базен?
По трети пат прашуваме, зошто јавно не ги објавува имињата на фирмите и медиумите кои наводно бесплатно го рекламираат?

Граѓаните мора да ја знаат вистината за оваа кампања. Затоа поднесовме барања да се објавата договорите со кои се регулирани односите за изработување на рекламни спотови и нивно емитување. Ќе ја запреме практиката на ВМРО-ДПМНЕ да го злоупотребува јавниот имот за лични и партиски интереси и на штета на граѓаните. Аеродром не заслужува
ваква неодговорна и расипничка локална власт. Затоа, веќе на наредните избори граѓаните на Аеродром ќе изберат нова одговорна локална власт која ќе работи отворено, отчетно и исклучиво во интерес на граѓаните“, изјави Златко Марин, претседател на ОО СДСМ – Аеродром.

Би можело да ве интересира

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана