ВИДЕО: Маричиќ најави ветинг во судството

Од:

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, најави ветинг во правосудството, иако вели дека е свесен дека тој процес нема да биде завршен за само неколку месеци.

„Ова подразбира проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите од страна на Државната комисија за спречување на корупција.

Судскиот совет, од своја страна, пак, во согласност со новите закони, треба да направи детална проверка на работата на судиите, особено во врска со одредени постапувања по предмети кои беа доведени до застареност со одлагање, ретки рочишта и слично“, рече Маричиќ.

Тој истакна дека довербата на јавноста во правосудството е на загрижувачко ниско ниво.

Маричиќ најави и ревизија по случаен избор на 5% од предметите од висок профил, на случаи кои застариле да се утврди причината.

„Моја мисија е и да предложам со законски измени врз основа на кои Јавното обвинителство ќе мора редовно и континуирано да ја информира јавноста за својата работа и напредокот во предметите кои ги следат граѓаните“, рече тој.

Понатаму, како што нагласи, ќе работи на унапредување на АКМИС-от и електронско поврзување на судовите со јавните обвинителства, задолжителна електронска комуникација со адвокатите, извршителите, нотарите, медијаторите, Агенцијата за катастар на недвижности, Централниот регистар, Државното правобранителство и други субјекти.

„На врвот на листата на приоритетите е и успешен почеток и непречено спроведување на пристапните преговори со Европската Унија за Поглавјето 23: Правосудство и фундаментални права. Во моментот се договара преговарачката рамка и се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе ја имаме до крајот на годинава“, рече Маричиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Допис од НАТО покажува дека Ковачки бил одбиен за безбедносен сертификат, тој вели: Не сум бил одбиен, ниту сум го повлекол барањето

Александар Тодески

Маричиќ ќе биде прв вицепремиер во владата на Џафери, за Груби се измислува ново вицепремиерско место „за политички прашања“

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Ковачевски: Во наредниот мандат ќе спроведеме процес на ветинг