Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Од:

За Никола Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција на 20.11.2018 година, како и дополнување на барањето во јуни 2019 година. Екстрадицијата беше побарана за сите предмети за кои постоеја сознанија дека се водат постапки пред македонските правосудни органи, односно за сите случаи за кои е распишана потерница, велат од Министерството за правда.

„Република Унгарија го одби барањето за екстрадиција на 5.8.2019 година, со образложение дека на Никола Груевски му е одобрен азил, согласно нивното законодавство, кое не дозволува предавање на лице кое ужива таков статус на државата од која избегало.

Министерството за правда континуирано го следи случајот и ги превзема сите мерки согласно закон да ги обезбеди потребните документи .Во текот на утрешниот ден ќе биде доставено барање до надлежните судски органи и обвинителства и ќе се побараат потребните списи за сите предмети поврзани со лицето Никола Груевски. Откако од надлежните органи ќе ги добиеме потребните документи, Министерството за правда ќе постапи согласно позитивните законски прописи, велат од Правда

Би можело да ве интересира

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Горан Наумовски

СДСМ: Испрати ли Владата на Груевски барање за екстрадиција на Груевски?

СДСМ: Документите за Груевски во Правда се „институционално“ заглавени или намерно блокирани

Не преиспитуваме судски одлуки, туку ги спроведуваме – Министерство за правда за случајот Груевски

Кузеска: Груевски мора да одговара пред законот

Груевски до министерот за правда: Го гледам и не личи дека СДСМ на криминалецот Заев заминала од власт