ВИДЕО: Левица постави 300 имиња на загинати партизани во Чаир во пресрет на доаѓањето на Курти

Од:

Црвената младина од Левица на истата улица каде што денес премиерот на Косово, Албин Курти ќе присуствува на нејзиното преименување од Втора македонска ударна бригада во улица Адем Демачи, ги постави имињата на 300 загинати партизани од бригадата кои животот го дадоа за слободна Македонија на сите граѓани.

„Улицата која ги славеше оние кои го дадоа животот во борба со фашистичкиот бугарски окупатор од денеска ќе го слави Адем Демачи, сепаратист од Југославија и борец за Голема Албанија и независност на Косово, неколку пати осудуван на затворска казна во Југославија.

Нека им бодат очи овие имиња на оние кои ќе бидат на свеченоста по повод преименувањето на оваа улица, а на оние кои донесеоа ваква одлука, да знаат дека македонскиот народ не им заборава и простува.

Денес го бришат споменот од улиците, парковите, спомениците, утре ќе посегнат и по учебниците и нашата историја. Македонски народе, доста беше, разбуди се, свести се, не спиј ти! Смрт на фашизмот, слобода на народот“, се вели во соопштението на Левица.

Партизаните од оваа бригада која броела 480 борци, го изоделе Февруарскиот поход и потоа се вклучиле и во завршните борби на Сремски фронт за ослободување на Југославија.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира