Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

Од:

„Излагањето на Николоски дека растот на цените на недвижностите е последица на Левица, блокирани урбанистички планови и неградењето, никако не соодветствува со реалните состојби на пазарот на домување! Таквото толкување го пренасочува вниманието од суштинскиот проблем на структурно нерегулиран и шпекулативен пазар кој директно влијае врз достапноста на домувањето за граѓаните“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „Официјалните податоци од ДЗС од последниот попис јасно укажуваат на спротивна слика. Во Македонија секој трет стан е празен, односно од вкупно 839.174 станови – 307.187 или 36,6% се ненаселени. Овој податок покажува дека значителен дел од станбениот капацитет не се користи за живеење, што упатува на структурен проблем на распределба и користење на недвижностите, а не на нивен недостиг! Дополнително, и тезата за ʼограничена градежна активностʼ на Николоски пропаѓа имајќи ги предвид податоците дека во 2025 година, бројот на издадени одобренија за висока градба во скопскиот регион е зголемен за 38,5%, односно од 438 на 607 одобренија, што укажува на значително зголемување на нова станбена понуда!“.

„Истовремено, според Агенцијата за Катастар во моментов се евидентирани 27.522 станови во изградба, што дополнително потврдува дека станбената понуда е во експанзија. Особено значаен индикатор е растот на бројот на закупи кој е зголемен за 17% во 2025 година што укажува на сè поголема недостапност на сопствено домување и растечка зависност од кирија! И покрај овие показатели, цените на недвижностите продолжуваат да растат, при што во урбаните центри достигнуваат нивоа од над 3.000 евра по м2. Овие податоци укажуваат дека растот на цените не може да се објасни преку понуда и побарувачка, туку упатуваат на пошироки структурни нарушувања на пазарот, вклучително и шпекулативни практики и висока концентрација на сопственоста на недвижности. Затоа, укажуваме дека домувањето претставува основно социјално право, а не исклучиво пазарна стока. Оттука, неопходно е државата да воспостави активна и регулаторна станбена политика која ќе го заштити јавниот интерес. Неопходно е јасно разграничување помеѓу јавниот интерес и инвестицискиот интерес во урбанистичкото планирање, како и воспоставување на механизми кои ќе спречат третман на домувањето како чисто шпекулативен финансиски инструмент“ е ставот на Левица.

Од Левица велат дека „остануваат на ставот дека решението не е во дополнителна дерегулација и оправдување на пазарните абнормалности, туку во: активна јавна станбена политика; прогресивно оданочување на празни и шпекулативни недвижности; ограничување на концентрацијата на станови во мал број сопственици и враќање на урбанистичкото планирање во јавен, а не приватен интерес“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

Горан Наумовски

Левица: Преместувања, откази и партизација во Министерството за земјоделство – Трипуновски ја прекројува систематизацијата

Горан Наумовски

Левица: Наместо да ја решaва кризата, Трипуновски ги напа​​​​​​ѓа земјоделците што протестираат

Горан Наумовски

Мециновиќ: Енергетската заедница ќе го оспори назначувањето на Ацо Ристов за претседател на РКЕ

А1он

(ВИДЕО) Исмаил: Одбиен предлогот на Левица да не се гине за туѓи војни

Левица: Стратешки дијалог или колонизација – свитата на Муцунски на тацна ги дава македонските ресурси на САД