(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

Од:

Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за следење на Христијан Мицкоски ниту директорот на АНБ, Бојан Христовски, ниту премиерот Христијан Мицкоски не ја отпочнаа процедурата за декласификација на документите кои би ги докажале наводите на власта, изјави Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

-Зошто самиот тој не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен? Од што се плаши Христијан Мицкоски? Дали можеби Мицкоски се плаши од декласификација на овие документи затоа што ќе ги потврдат индициите за милионски криминал во случајот со т.н. „Делчевски ниви“? Да ја потсетиме јавноста дека во случајот „Делчевски ниви“ беа инволвирани најблиските соработници на Мицкоски меѓу кои член на неговото лично обезбедување како и тогашниот директор на Белата палата, односно Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ.
Дали овие документи кои Мицкоски одбива да ги декласифицира покажуваат дека шефот на организираната криминална група која се стекнала со корист во илјадници евра е токму Христијан Мицкоски? Дали во овие документи има сериозни индиции за повторно нелегало финансирање на ВМРО-ДПМНЕ како и индиции за организиран криминал и корупција? Постапката за декласификација на овие документи е едноставна и би ги разрешила сите дилеми кои ги има во јавноста. Одбивањето на декласификација на овие документи ќе биде доказ дека Мицкоски како тогаш така и денес не може да излезе од криминалната матрица и негова единствена цел е личното богатење, рече Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он