(ВИДЕО) Кржалоски: СДСМ си поигра со достоинството и животот на студентите

Од:

Претседателот на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, Лука Кржаловски, изјави дека на страна 125 од програмата на СДСМ на предвремените парламентарни избори во 2016 година, наречена План за живот, во делот на проекти кои планираат да ги реализираат во првите шест месеци стои:

„Во Скопје, на две локации, кај студентските домови „Гоце Делчев“ и „Стив Наумов“ ќе изградиме студентски град. Ова подразбира повеќе интервенции во просторот, со комплетно нови модерни архитектонски и хортикултурни решенија, како и функционални содржини: спортски сали, читални, библиотеки, ресторани, кино-сали и фитнес-центри.

Ова ветување на СДСМ е лага. Скоро две години потоа ништо од ова не е случај. Не само што нема студентски град, туку ни една шајка не е закована за да се подобрат условите во постоечките студентски домови. Тука, во дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“, гледаме и што значи негрижа на власта кон студентските домови. Неисчистено ѓубре, неодржувано дворно место и неуредена околина.

Младите, а особено студентите се најголема жртва на манипулациите и нереалните ветувања на СДСМ. СДСМ ги злоупотреби младите пред изборите во 2016 – та година, ветувајќи им брда и долини, почнувајќи од студентски град, преку подобри услови за студирање, студентска картичка за попусти, како и вработување на сите млади после 6 месеци од дипломирањето. По скоро две години гледаме дека условите на студентите не само што не се подобрени туку дополнително се влошени.
Студентите се гушат во отпад, градежен шут и шприцови на сите страни, ситуација која единствено може да доведе до болести и зарази кај студенти, но и сите граѓани кои гравитираат околу овој простор.

Наместо нормални оброци, гледаме дека студентите добиваат мувлосан леб, бубачки, отпушоци и игли во храната, а често немаат ниту топла вода. Иако студентите плаќаат за своето сместување, тие од Владата на СДСМ добиваат нечовечки и недостојни услови за живот.

Уште повеќе, загрижуваат информациите кои постојано стигнуваат до нас, а зборуваат за партиска селекција на подобни кандидати за сместување во студентските домови. И оттука затоа и прашуваме:
– Дали изборот на студенти кои ќе бидат сместени во студентските домови ја врши партиска комисија?
– Кога планира СДСМ да отпочне со реализација на проектот студентски град?
– Кога СДСМ ќе ја овозможи ветената студентска картичка со попусти за студентите?

СДСМ си поигра со достоинството и животот на студентите. Не водат грижа ниту за потребите, безбедноста и условите на студентите, а уште помалку за нивното образование. Откако се на власт не спроведоа ниту еден проект за подобрување на животот и стандардот на студентите во Република Македонија.

Студентите повеќе не смеат да бидат жртва на оваа расипничка и неспособна власт. СДСМ мора да си замине. Студентите заслужуваат проекти кои ќе го подобрат нивното живеење и студирање. Затоа, во стратегијата на УМС на ВМРО-ДПМНЕ студентите заземаат најзначајно место. Ќе предложиме проекти за подобрување на животот на студентите и на сите млади во Република Македонија. Студентите се авангардата на македонското општество. Тие заслужуваат подобро, порача Кржаловски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски

СДСМ: Пендаровски и Ковачевски со план пред граѓаните, Силјановска и ДПМНЕ со навреди

(ВИДЕО) Ковачевски: Си ги знаеме грешките, пред граѓаните е изборот за европска иднина на државата

Каевски: ДПМНЕ го врати речникот од 27 април со нападите врз Пендаровски