(ВИДЕО) Костовски: Три години членство во НАТО со заштитен македонски идентитет

Од:

„Денеска одбележуваме три години од зачленувањето во НАТО, најголемиот и најмоќниот безбедносен сојуз во светот. Во 2020 Собранието го усвои Северноатлантскиот протокол со што беше остварен последниот чекор кон зачленувањето во НАТО“, рече Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Со тоа, парламентарното мнозинство, Владата и институциите предводени од СДСМ ја остварија една од двете стратешки цели на државата.

Членството во НАТО донесе безбедност и сигурност на државата но и просперитет и нови можности за развој.

Со станувањето на 30та земја членка на НАТО и нашата економија стана поконкурентна и поатрактивна за нови големи странски инвестиции, а доказ за тоа е и рекордниот износ во 2022 од 735,8 милиони евра директни странски инвестиции.

Колку е важно што сме членка на НАТО се покажува и во овој период на руска агресија во Украина.

Иако беснее војна на тлото на Европа, ние сме заштитени, со неповредливост на територијалниот интегритет.

За жал и при реализација на оваа стратешка цел гледавме неодговорно и несериозно однесување од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите паметиме како Христијан Мицкоски овде во Собранието не смогна сили не аплаудираше при ратификација на членството во НАТО.

Денес истиот тој Мицкоски и истото тоа ВМРО-ДПМНЕ се противат на интеграцијата на државата во ЕУ.

Додека СДСМ со коалициските партнери носи државнички одлуки и ги реализира стратешките цели, ВМРО-ДПМНЕ не учествуваше во ниту еден државнички процес, нема донесено ниту една одлука за иднината на граѓаните.

Три години членство во НАТО за нас е дополнителен мотив да продолжиме со реализација на потребните реформи важни за државата и процесот на пристапување кон ЕУ.

По реализација на првата, следува остварување и на втората стратешка цел а тоа е полноправно членство во ЕУ“, изјави Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: СДСМ води и очекува победа во: Центар, Крива Паланка, Пробиштип, Чучер Сандево, Кривогаштани, Богданци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Многу е важно избраните градоначалници и советници да добијат легитимитет од голем број граѓани

Горан Наумовски

Ливриниќ: Скопје Север ќе го направиме место каде што сите ќе сакаме да живееме

Трајановски: Жителите на Лисиче сè уште живеат со истите проблеми што беа ветени дека ќе се решат во 2021 година

Кандидат за советник на ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ, тврди Мартин Костовски

Катерина Ѓуровски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Љутков директно одговорни за рушењето на домот на Владо Малески

Катерина Ѓуровски