(ВИДЕО) Костовски: Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, дали е со фиктивно седиште?

Од:

Нема ни траг од фирмата што одби тендер од МВР, ниту табла, ниту вработени, дали е со фиктивно седиште? Се наоѓаме пред зградата во општина Карпош во Скопје, на адресата каде што, според официјалните документи, е регистрирана една од фирмите која доби тендер вреден 4 милиони евра од МВР. Станува збор за адреса на фирмата Памитекс којашто е основана само 20 дена пред распишување на тендерот, Улица Орце Николов 188/2-11 Скопје. И што најдовме тука? Апсолутно ништо! Нема табла, нема вработени, нема ниту трага од компанија што би можела да спроведе сериозна јавна набавка, а камо ли специјализирани униформи за полицијата, вели
Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

-Како е регистрирана оваа фирма? Дали фирмата има фиктивно седиште? Тошковски е фатен жив во голем скандал и мора да одговори. Како е можно една „компанија“ без капацитети, без историја, без вработени, да добие тендер во МВР вреден 4 милиони евра за униформи? Ова не е обичен тендерски скандал. Ова се основани сомнежи за системска корупција, која оди до самиот врв на власта. СДСМ бара итна истрага од Јавното обвинителство и поништување на овој скандалозен тендер.
Парите на граѓаните не се за партиски и бизнис зделки на министрите од ВМРО-ДПМНЕ! СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има, вели Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за десетмина поврзани со запленетите 40 тони марихуана

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести