(ВИДЕО) Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ создаде роднински чворови-цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка

Од:

Мицкоски втор ден молчи, нема образ ниту одговороност пред граѓаните. Мицкоски не ги повикува роднините во ЕЛЕМ и во администрацијата да се повлечат од работните места кои ги добиле поради близината со него и со ВМРО-ДПМНЕ, обвини на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Молчат оние што ја преполнија администрацијата со партиски и роднински кадри. Ние бараме и наоѓаме решенија за партиска администрација по мерит систем. Не се сите исти.

Тие создадоа роднински чворови – цели списоци, илјадници нивни роднини се вработија на државна сметка. Ние ги повикуваме нашите членови на етика и морал и веќе имаме повлекувања од работните места.

СДСМ е против партизација и против непотизам. Акцијата тргна, нема назад. Ајде Мицкоски, повикај го твојот прв братучед да се повелече од ЕЛЕМ турс. Повикај ги Мицкоски пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да побараат повлекувања од нивните роднини кои се пикнати по државни компании и во јавната администрација.

Повикај ги роднините на пратеникот Антонио Милошоски да се повлечат. Снаата на пратеникот Антонио Милошоски, жена на неговиот брат, Александра Милошоска е вработена во Управата за јавни приходи. Вујкото на Милошоски, Владимир Коруновски евработен во Агенцијата за катастар. Братучедот на Милошоски пак, Станко Коруновски е вработен во Централен Регистар. Првата брачудетка на Милошоски, Елизабета Коруновска директор на основно училиште, а зетот Марјан, е раководител во државната компанија МЕПСО.

Фамилијата на Милошоски е класичен пример за непотизам од сериозни размери. Роднински јазли поставени на работни позиции кои се финансираат од парите на граѓаните, од Буџетот на државата“, обвини Костадинов.

Тој посочи дека е време да се почне со повлекувањето на роднините, во име на борбата против непотизмот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено