(ВИДЕО) Костадинов: Членка на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ вработена кај Иванов, а нејзината ќерка во Агенција за разузнавање

Од:

Партизацијата и злоупотребите на државните институции се симбoл на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ кои донесоa пандемија на непотизам. Кабинетот на Ѓорѓе Иванов е уште една потврда дека во секоја државна институција која била раководена од кадри на ВМРО-ДПМНЕ има случаи на вработувања на роднини на функционери од оваа партија, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Анастасија Илиеска, членка на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на ИК на Унијата на жени, поранешна државна советничка во Министерството за внатрешни работи и директорка на УЈП, вработена е како советник за безбедност во кабинетот на Иванов.

Нејзината ќерка, Андреа Илиеска пак е вработена во Агенцијата за разузнавање. Оваа институција, Агенцијата за разузнавање, е под директна надлежност на Ѓорѓе Иванов.

Станува збор за многу блиски роднински врски, за овој актуелен случај во Кабинетот на Иванов постојат основани сомневања за судир на интереси.

Освен нејзината ќерка, во државна инситуција добил работа и братот на Илиеска, Александар Тошески, поточно во Централен регистар во Прилеп.

Го повикуваме Ѓорѓе Иванов да се изјасни за овој случај во неговиот Кабинет, да ги повика роднините на Илиевска да се повлечат од работните места, во името на борбата против непотизамот.

Христијан Мицкоски да не чека, да ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Милошоски и Стевананџија да ги повлечат своите роднини од државниот сектор. Да ја повика членката на партиското раководство на ВМРО-ДПМНЕ и советничка на Иванов, Анастасија Илиеска, нека ги повлече своите роднини од државниот сектор.

Ајде да го пресечеме јазолот на непотизам создаден во времето кога ВМРО-ДПМНЕ имаше апсолутна власт.

СДСМ бара и нуди решенија против непотизам и партизацијата. Веќе се случија и повлекувања на вработени роднини на функционери“, изјави Костадинов.

Би можело да ве интересира

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

СДСМ: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на Мицкоски и трошењето 5,5 милиони евра

СДСМ: За прославата од 5,5 милиони евра мора да се отвори истрага по трагата на парите

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е и обвинител и судија – судството денес е под целосна контрола на власта

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат