(ВИДЕО) Која е новинарката која му подари јаболко на Ковачевски: Со туркање е исфрлена од настан

Од:

Подарувала јаболка, но и Уставот на Бугарија. За некои од политичарите била безбедносна закана, па обезбедувањето со сила ја има вадено од прес-конференција. На десетици настани со политичари, таа била главна тема. Во бугарската јавност важи за новинарка која нема „влакна на јазикот“, но не се ни плаши да го направи она што го замислила. Ова е само мал дел од профилот на Илијана Беновска, новинарката која му подари јаболко и на новиот македонски премиер, Димитар Ковачевски.

Овој чин наиде на многу реакции, бидејќи се толкуваше и како грешка на протоколот и обезбедувањето, кои дозволија бугарската новинарка без проблем да се доближи со предмет во рацете рамо до рамо со Ковачевски. И без маска, сред пандемија. Од Владата досега не објаснија, дали ова било договорено и испланирано, или пак и тие биле изненадени од чинот.

Новинарката Беновска е дипломец на Националната академија за театарска и филмска уметност. Пред да се заминава со новинарство, работела како чистачка, сценаристка, режисерка. Била дел и од тимот на државната Бугарска национална телевизија, шефица на ТВ „7 дена“, а сега, има политичка емисија со име „Беновска прашува“ која се емитува онлајн и на радио. Врвот на популарноста го достигнува со подароците кои ги дава на политичарите.

Судејќи според објавените видеа на интернет, меѓу првите, јаболко од Беновска добил бугарскиот претседател Румен Радев. Новинарката, која со себе не носи чанта, јаболкото го вади од под нејзината блуза. Бидејќи не можеше да стигне до политичарот поради препреките, таа му го фрли јаболкото, а тој го фати.

„Ви побарив една зрело, бугарско, црвено јаболко. Се надевам дека во текот на вашиот мандат ќе остане такво“, му рече Беновска на Радев.

Ова не е последен подарок за Радев. Минатата година, на сред прес-конференција му го подари Уставот на Бугарија, но овојпат, тој не го зеде.

„Дозволете да ви го подарам Уставот на Бугарија“, му рече новинарката на Радев, но тој не и обрна внимание и замина.

Најголем инцидент, новинарката има направено на прес-конференцијата на поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев. Таму, обезбедувањето изреагира бурно, не дозволи новинарката да се приближи до Плевнелиев и и го одзеде јаболкото. Но, Беновска, извади ново, кое подоцна повторно и беше одземено од друг член на обезбедувањето. На крајот, беше исфрлена од салата.

За разлика од Радев, новиот премиер на Бугарија, Кирил Петков, со насмевка го прифати подарокот од Беновска, која исто така, му врачи Устав на Бугарија.

„Ви го подарувам Уставот во кој се заколнавте“, му рече новинарката.

Петков, заедно со министерот за финансии на Бугарија, Асен Василев, од Беновска добил подарок и две јаболка, кои таа ги нарекува „големи топки“.

Двајцата, добиле и зелени бугарски јаболка, а за нивното значење, новинарката рече: „Бидејќи се уште сте зелени во политиката“.

За време на изборите во Бугарија, минатата година, за среќа, бугарско црвено јаболко добил и поранешниот премиер, Бојко Борисов.

Професорот Анастас Герџиков, еден од кандидатите за претседател на Бугарија, исто така добил подарок зелено јаболко од новинарката, која ја објасни симболиката.

Мустафа Карадај кој исто така беше во трката за претседател на Бугарија, во ноември минатата година доби црвено јаболко, поради изборниот резултат.

Би можело да ве интересира

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски