(ВИДЕО) Караџовски: Проблемите не се толку големи, Панчевски дојде претходно на одвоен разговор

Од:

Судиите кои со скратени и нечитки потписи поднесоа претставка против претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски се појавија на разговор во Судскиот совет.

– Благодарни сме што дојдоа, тие кои не дојдоа биле спречени од објективни причини. Дискутиравме на повеќе теми и за состојбите во известувањето и за состојбите во Основен суд Скопје 1, конструктивен дијалог со добра намера од двете страни. Дојдовме до заклучок дека проблемите не се толку големи како што се претставувани во јавноста, рече претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски.

Тој истакна дека Панчевски претходно се појавил на одвоен разговор во Судскиот совет и рече доколку има потреба, ќе има заедничка средба на судиите кои ја потпишаа претставката и претседателот на Кривичниот суд.

– Ова го правиме со цел да се зачува угледот на судството, бидејќи од двете страни стојат судии. Преземаме дејствија за видиме каква е фактичката состојба, дали има ескалација на немили настани, рече Панчевски.

Тој рече дека судиите немале други забелешки околу работата на Панчевски, но не сакаше да открива повеќе детали за разговорот.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Камбовски за случајот со казнетата новинарка Вејсели: Постапка е сè уште во тек, Судскиот совет ќе интервенира ако процени дека е потребно

Судски совет разгледува предмети во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов

Има пропусти во пресудата за Ремзи Мифтари во случајот „Дурмо турс“, тврди Судскиот совет

А1он

Одземен му е имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов, Судски Совет ја одобри мерката куќен притвор

А1он

Судскиот совет одлучува за одземање на имунитетот на судијата Ѓоко Ристов

А1он

Новоизбраните членки на Судскиот совет дадоа свечена изјава