По средбата со Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, Катица Јанева изјави дека се разговарало за работата во изминатиот период и за предизвиците со кои се соочува Специјалното јавно обвинителство.
-Разговаравме за периодот што помина, како работевме во СЈО и со кои предизвици сме се соочиле во однос на матријални и професионални проблеми и во иднина во однос на продолжување на нашиот мандат, рече Специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева.
На новинарско прашање околу законите за СЈО и заштитените сведоци, Јанева кажа дека се надева дека Собранието ќе ги донесе поднесените измени.
Таа додаде дека со комесарот Хан не разговарале за опцијата да се укине Специјалното јавно обвинителство.
Средбите на Еврокомесарот Јоханес Хан со двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се предвидени во седиштата на партиите, а по завршувањето на состаноците тој ќе одржи прес конференција во 14 часот.
Виктор Јованов