(ВИДЕО) Јанева: СЈО гони криминална група која е на власт, судот ни прави пречки

Од:

Специјалното јавно обвинителство ги образлага сите предлози за притвори, но како што знае јавноста, од одреден број на судии истите се одбивани на ист начин иако ние точно ја следиме судската и европската пракса како треба да се бара притвор и други мерки за обезбедување на осомничени, рече Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Таа кажа дека тие не се задоволни од работата на судот по нивните предмети, бидејќи кога и да поднесат барање за претрес или притвор, едни исти судии одлучуваат по нивните барања.

– На овој начин, судијата може да ја злоупотреби службената должност и овластување кога се работи за висока корупција која ја истражува СЈО од страна на високи функционери од Власта и како што секојпат повторувам и овој пат ќе кажам, СЈО не гони обичен криминал, СЈО ја гони криминалната група која се наоѓа во врвот на власта во Македонија и тоа мора да се сфати од страна на судот кој претставува трета власт која треба совесно, чесно, професионално да си ја извршува својата службена должност во случаите на СЈО, а тоа не е така, рече Јанева.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Лога призна дека го упропастија судството, сега е време цела влада да си даде оставка

Предраг Петровиќ

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски