(ВИДЕО) Јанева: Јавно-обвинителските одлуки ќе бидат готови до 15-ти март

Од:

Иако новиот закон за кривична постапка предвидува доказите да бидат кај Јавниот обвинител, ова не е испочитувано за случајот „Пуч“.

Доказите се во судот и не ги доставуваат до специјалната јавна обвинителка. Тие цела недела бараат од судот простор за да може цел тим од СЈО да ги разгледува материјалите, но судот на ова се оглушува.

Затоа денеска е одложено рочиштето за случајот „Пуч“, бидејќи доказите не можеа да бидат кај обвинителите на Катица Јанева.

„Доказите не ни ги даваат и затоа ние ќе доаѓаме во судовите. Ова е нова пракса во судот, порано доказите ни беа доставувани во обвинителствата на увид. Тие и според новиот ЗКП се должни но, не го прават тоа. Но, ние ќе постапуваме како ќе каже судот“, рече Јанева.

Таа најави дека јавно-обвинителските одлуки ќе бидат готови во зададениот рок, а тоа е 15-ти март.

 

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов