(ВИДЕО) Јанчева: Мицкоски не смее да му писне на Меџити за 200 дивоградби

Од:

Секој ден што минува, сè појасно станува дека власта ја штити урбаната мафија и криминалот со дивоградбите. Повеќе од 150 дивоградби се пријавени во општина Чаир. Доказите се јавно објавени, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје

– Станува збор за масовна урбана мафија, над 150 објекти изградени без дозволи, без основни услови за безбедност, без гаранција за запазени стандарди во градење. Објекти, за кои постои основано сомневање дека се на диво приклучени во мрежата на ЕВН. А што прави МВР на Тошковски, што прави власта на ВМРО-ДПМНЕ?

Нема абер за отворање постапки против никого. Министерот Панче Тошковски замижува, Мицкоски не смее да писне. Во Македонска Каменица, е поднесена кривична пријава за граѓанин кој само си го менувал покривот. За еден случај во Македонска Каменица поднесена е кривична пријава, а за над 150 дивоградби во Чаир ништо.

Нема поголем доказ за селективноста и штитењето на криминалот. Власта ги штити бизнис интересите на урбаната мафија и на своите коалициски партнери. Зошто премиерот Христијан Мицкоски молчи? До кога ќе коленичи пред ВЛЕН? Дали и Мицкоски е влезен во оваа криминална шема? СДСМ бара итна истрага за целиот случај и одговорност од сите вклучени. Ако државата навистина е правна, тогаш нема недопирливи – ниту градоначалници, ниту совенитици, никој. СДСМ нема да молчи. Ќе продолжиме гласно да се бориме за правда и за одговорност пред законите на сите, кажа Јанчева.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Дали Љупчо Коцевски молчи, затоа што тој бил задолжен од ЈО за следење на издавањето на ПИ мерките?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Мицкоски се плаши од декласификација поради потврда на милионски криминал на ВМРО-ДПМНЕ?

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ крадеше, правеше предавства и ги уништуваше институциите

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

А1он

СДСМ: Христовски го демантираше Мицкоски дека бил прислушуван, АНБ да ги декласифицира документите

Катерина Ѓуровски