(ВИДЕО) Јакимовска: Кланот Заеви си присвои огромен имот за багателни пари

Од:

„Додека на било кој граѓанин во Република Македонија 20.000 евра му се доволни да купи само гарсониера од 25 квадрати, кланот Заеви со тие пари си купи фирма која поседува 7.396 м2 индустриски погони и деловни простори користејќи ја својата положба во власта.

Очигледно темните облаци од времето на транзицијата повторно се спуштија над Македонија и над нејзиното стопанство.

Кланот Заеви повторно со злоупотреба на власта си присвои огромен имот за багателни пари.

Трајче Заев, братучед на аболицираниот криминалец Зоран Заев, користејќи ја својата положба блиска до власта, за само 20,000 евра купи 22% од поранешниот гигант во конфекциската индустрија Герас Цунев.

Додека македонската економија е во слободен пад, се откажуваат странски инвестиции, се најавува доселување на мигранти, кланот Заеви вешто сака да го искористи хаосот што го создадоа и енормно си го зголемува имотот.

Основното Јавно Обвинителство мора да се позанимава со ваквите матни зделки и да провери како за само 20.000 евра може да се стекне со толку голем имот чија реална вредност е многукратно поголема. Заев е веќе амнестиран за сторен криминал. Никој повеќе не смее да го амнестира криминалот кој го прави кланот Заеви. За ова одговорност мора да има. Кога ќе се промени власт ќе бидат преиспитани сите сомнителни работи што оваа влада ги направи.

Граѓаните на Македонија гледаат кој има придобивките од првите 100 дена од работењето на новата влада.

Заради ваκвиот начин на работење, гρаѓаните ќе го κазнат Зоρан Заев на 15-ти оκтомври на лоκалните избори“, изјави Светлана Јакимовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он