(ВИДЕО) Ивановска: Груби не дава информации за имотот, податоците ги крие зошто барањето не било и на албански

Од:

Антикорупциската комисија се уште не добива информации од вицепремиерот Артан Груби за неговата имотна состојба, предмет кој го отворија откако беше запалено возилото кое го возеше тој, а за кое тврдеше дека му било дадено на користење од пријател. Оваа информација во интервју на А1он ја кажа претседателката на Државната комисија за спречување на корупција, Билјана Ивановска, која вели дека досега Груби наоѓал начин како да ги изигрува.

„Ние работиме еден предмет поврзан со министерството за политички систем. Бараме инфомрации од ова министерство од него. Фактички предметот содржи повеќегодишна анализа како се движи еден тренд во државата, на вработување особено. Од ова министерство бараме инфомрации, не ни ги доставува, на не изигрува на некој начин, не ни било писмото двојазично, па не знам, од небитни работи сака да направи дека нешто не се испочитувало. Ете, му доставивме и двојазично писмо. Сакам да кажам, кога некој прави проблем, ќе го прави секаде каде што има. За него работиме проверка на имотна состојба, му бараме кој живее во неговото семејство, кажува не сте ми доставиле двојазично. Бараме од друг функционер на ДУИ исто така се проверува имотна состојба, јасно и гласно си пишува човекот, еве ги моите членови. Кога некој сака да прави проблем, секако ќе прави проблем. Ние ќе ги обелодениме сите работи кои што биле поврзани со институцијата која тој ја раководел, кога сме побарале документи, каков одговор сме добиле, дали сме добиле одговор, како ние сме постапиле. За се имаме документи, така што јавноста нека си цени“, вели Ивановска.

Претседателката на антикорупциската комисија вели дека има потреба да се донесе Закон за потекло на имот со кој секој граѓанин би имал обврска да каже од каде му е имотот, а со цел да се спречи трендот, функционери да пријавуваат имот на туѓо име со закани. Сепак, идејата да се донесе тој закон била напуштена од вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска, која сега вели дека треба да се донесе Закон за конфискација.

Според неа, вината зошто ниту еден предмет на ДКСК не е стигнат на суд, со исклучок на предметот „Бачило“ не е во антикорупциската комисија.

Погледнете го целото интервју на А1он со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, во кое освен за предметите за Груби, зборува и за речиси петготишната работа на актуелниот состав во заминување, за предметите како „Еуровиа“ и „Бехтел и Енка“ и за тоа дали може да има законско подобрување за аниткорупциската комисија.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Артан Груби и Перпарим Бајрами се симболи на една империја изградена врз корупција

Дали по налог на Артан Груби и Омер Буњаку, на натпреварот меѓу Брера и Шкендија е тестирана шемата на ДУИ за создавање тензии прашува ВРЕДИ

ВИДЕО: Артан Груби не гласаше на претседателските избори

Катерина Ѓуровски

Груби со куфер пред Општина Чаир побара оставка од албанската опозиција

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму