Перпарим Бајрами се предаде на „Блаце“, спроведен е во затворот „Шутка“

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека утрово, во 5.35 часот, на граничниот премин Блаце сам се пријавил поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница.

Бајрами, како што информира МВР, е спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“.

– Денеска во 5.35 часот, на ГП Долно Блаце за влез во РСМ се пријави Перпарим Бајрами (33), баран со меѓународна потерница по наредба од ОЈО Скопје бр. XVII KO бр. 4232/24 од 17.12.2024 година. Лицето е лишено од слобода и спроведено во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ – информира МВР.

Тој заедно со поранешниот вицепремиер Артан Груби е меѓу главните осомничени за злоупотреби направени во „Државна лотарија“. Покрај Груби и Бајрами, во случајот „Државна лотарија“, обвинети се и Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.

На судењето што почна неделава сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.

Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: Артан Груби лично потпиша продажба на државните акции кои завршија кај Давор Мацура

А1он

Со испитување на вештото лице Анита Поповска, продолжи судењето за „Државна лотарија“

Продолжува судскиот процес за „Државна лотарија“

Одложено e денешното рочиште за „Лотарија“, судењето продолжува на 11 ноември

ВЛЕН: Сојузот на хотел „Мериот“ игра руски рулет со правдата

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он