(ВИДЕО) Интервју со Ибрахими: Заев е уценет од ДУИ, затоа не сме дел од Владата

Од:

Пратеникот и член на централното претседателство на БЕСА, Зеќирија Ибрахими во интервју за А1он вели дека прмиерот Зоран Заев бил уценуван од ДУИ за тие да не влезат во Владата. Според него, СДСМ се уценувани и за изборот на претседател на Собранието, за одлуката БЕСА да нема заменик претседател на Собранието и да има само еден член во комитетот за национални односи.

Која беше причината што пропадна коалицијата на БЕСА со СДСМ?

– Мислам дека веќе е обзнаено јавно, ние се вклучивме во преговорите со СДСМ со намера да бидеме дел од Владата, но бидејќи не се согласивме околу начелата на заедничко владеење и заедничко потпишување на договор за таквите начела, останавме надвор од Владата.

Што беше главен проблем, принципите на БЕСА или коалицијата на СДСМ со ДУИ?

– Тоа што го добивме како одговор е дека СДСМ не беше подготвена да ги прифати принципите што ние ги понудивме, но зад сцената можеби било уценувањето од ДУИ ние да не се вклучиме во Владата.

Ќе го поддржите законот за јазици кој ќе го достави владејачкото мнозинство онака како што го поддржавте укинувањето на екстерно тестирање?

– За укинување на екстерното имавме ветување во нашата предизборна програма и овде имавме совпаѓање со СДСМ. Што се однесува до законот за албанскиот јазик, ќе треба еднаш да видиме каков е тој закон и како ја регулира употребата на јазикот, па потоа ќе дадеме и наше мислење.

Дали размислувате за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?

– Сега за сега не, ние можеби бевме единствените кои рековме дека со Груевски нема да склучиме никаква коалиција. Во иднина, ако се сменат работите во ВМРО-ДПМНЕ, што сега нема такви знаци, можеби би разговарале со нив, но во вакви околности не постои никаква можност за коалиција.

Дали е ова реформска Влада?

– Јас тоа го реков и во мојот говор во Собранието при избор на Владата, повеќе се чини дека е рециклирана отколку реформска Влада. Ние сме рекле неколку пати дека со една силна ДУИ во таа Влада не може да се очекуваат никакви реформи. Погледнете го начинот како беше наметнат претседателот на Собранието и некои министри од ДУИ за да се уверите дека Заев е уценуван од ДУИ за прифаќање на таквите кадри. И ако уцената е столб на владиното коалицирање, мислам дека овде не се работи веќе за реформска, туку за уценувачка или рециклирана влада со делот од ДУИ.

Какво е вашето мислење за министрите од ДУИ?

– Некои се непознати, за нив не би сакал да коментирам, но за тие кои претходно биле на сцената и самиот Заев рече дека се корумпирани и објавил „бомби“ за нив, па сега е зачудувачки како одеднаш тие излегуваат чисти и дека не се гонат за ништо. Или Заев не ја кажувал вистината кога рекол дека се корумпирани или пак тие се корумпирани, а Заев ја крие вистината за нив.

Под кои услови БЕСА би дала безрезервна поддршка на Владата?

– Во реформскиот дел, во судството, во интеграцијата сме подготвени да ги поддржиме сите иницијативи кои доаѓаат од Владата, сепак ќе треба да се види нивната содржина. За реформскиот дел сме подготвени да ги поддржиме, за другото ќе остане да видиме што они ќе предложат.

Вашиот лидер рече дека не отстапувате од редефинирање на државата иако за тоа треба дво-третинско мнозинство

– Во никој случај не сме рекле дека треба да направиме редифинирање на државата со дво-третинско мнозинство. Во јавноста е креирано мислење дека под редефинирање се подразбира кршење на унитарниот карактер, измислици на ВМРО-ДПМНЕ. Поимот редефинирање подразбира корекција на асиметријата во Македонија бидејќи нашата држава е мултиетничка, а функционира моноетничка. Ако ние под редефинирање ставиме дека не може министер кој е во истражна постапка за корупција да биде функциониер, мислам дека во тоа се согласуваат мнозинството граѓани во Македонија. Целта на редифинирањето не е загрозување на унитарниот карактер на државата, туку корекција на асиметријата помеѓу мултиетничкото општество и моноетничката држава.

Како ќе делува БЕСА во наредниот период?

– Покажавме дека би сакале да бидеме конструктивна опозиција. Ние вториот ден откако се конструираше Владата ги верифициравме петте пратеници на СДСМ со што практично го спасивме владејачкото мнозинство, бидејќи тој ден пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не беа во салата, ако и ние излезевме од салата, тие денеска не би имале владино мнозинство.

Сакаме да бидеме коректни, но во овој мал изминат период не го гледаме уште од другата страна ваквиот однос. Предложивме да имаме потпретседател на Собранието, ваквото барање беше одбиено. Во комитетот за национални односи ни следуваат два члена, ДУИ го уценува СДСМ ние да имаме еден член. Ваквиот пристап покажува дека не се подготвени за соработка во рамките на тоа што се мисли конструктвно делување во Собранието. Ако СДСМ останува на тоа да биде уценувана од ДУИ, тогаш и ние ќе го преиспитаме нашиот однос кон нив.

Каков исход очекувате од локалните избори и како ќе постапувате?

– Рано е да се зборува за тоа, сега за сега ќе настапуваме сами. Очекуваме да победиме во најголемите албански општини со тоа ќе покажеме дека нова крв и нова волја за смена на некои работи воопшто во државата, особено во албанските општини.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Џафер и Арсовска се скараа кој е надлежен да се искоси тревата во дворот на Владата

Орце Костов

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов