(ВИДЕО) ИНТЕГРА со поддршка за кандидатурата на Стевчо Јакимовски за претседател

Од:

Македонската конзервативна партија ИНТЕГРА во трката за претседател ќе го поддржи Стевчо Јакимовски, актуелен градоначалник на Општина Карпош.

„Во актуелниот политички моментум ИНТЕГРА цени дека е политички опортуно да се поддржи оној кандидат за претседател кој што има изразено антисорос, антиглобалистички и промакедонски ставови.

Цениме дека кандидатот Стевчо Јакимовски е одлична прилика за македонскиот народ и држава, цениме дека тој има сериозен потенцијал за државник кој нема да ведне глава и да вие кичма пред амбасадори и пред разни мисионери.

Затоа Интегра и јас лично го повикуваме гордиот дел на македонскиот народ, сите оние кои имаат љубов за народот и татковината и на кои што им гори душата од злоделото кое им е сторено со наметнувањето на северната будалаштина.

Ги повикувам сите оние кои сакаат промена на политичката сцена во Македонија да застанат зад кандидатурата на Стевчо Јакимовски“, порача Љупчо Ристовски, претседател на партијата ИНТЕГРА.

Би можело да ве интересира

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Нова крвична пријава за Стевчо Јакимовски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Одложено одењето во затвор на Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски доби упатен акт за во затвор, а сѐ уште ја чека пресудата

А1он