(ВИДЕО) Илиевска: ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите, затоа мора да се смени врвот

Од:

„Зоран Заев по втор пат стaна премиер. Зоран Заев кој беше критикуван дека го сменил името, дека дозволил двојазичност или дека склучил штетен договор со Бугарија, повторно ќе ја води владата“, рече Десанка Илиевска, член на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица.

„Зоран Заев кој беше критикуван дека не направил ништо за земјоделците и дека тоне во корупција, ќе има контрола и врз извршната и врз законодавната власт. Критики за неговите неисполнети ветувања во Струмица имаше многу. За жал на крај во Струмица, Заев не победи со разлика од скоро 50%. СДСМ освои над 14,5 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ над 10,5 илјади“, кажа Илиевска на прес-конференција.

Таа истакна дека иако раководството на ВМРО-ДПМНЕ прогласувало победа, тоа не се случило. Таа вели дека биле поразени поради несоодветната политичка понуда и лошите кандидатски листи.

„Катастрофата што се случи е факт. ВМРО не победи во Струмица, иако раководството прогласуваше победа. Бевме поразени и тоа не заради лошото владеење на Заев и СДСМ. Тоа го знаеја сите. Бевме поразени заради тоа што струмичани не препознаа соодветна политичка понуда од наша страна. Имавме и лошо скроени кандидатски листи и непрепознатлива програма. Раководството на партијата ниту ја слушаше, ниту ја консултираше базата“, вели Десанка Илиевска.

„Исто така и базата не добиваше соодветни насоки за работа од раководството. Се на се, целосна некоординација и дисфункционалност во работењето.

Комитетот не работи како што треба, а односите внатре не се на потребното ниво.

За ваквата состојба мора да има одговорност. Одговорни не се членовите на месните комитети или општинскиот. Одговорно е највисокото раководство. ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите. Затоа мора да се смени врвот“, додава Илиевска.

„Ние како членови од Општинскиот комитет Струмица се приклучуваме на барањето на останатите општински комитети и иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес и избор на ново раководство.

Само со ново раководство може да се надеваме дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните и на тој начин да добиеме шанса да им помогнеме и на нив и на државата“, наведува Илиевска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски да ја надрасне суетата инаку ќе доживее фијаското на локалните избори, порака од иницијаторите за вонреден Конгрес

Габриела Димковиќ-Мишевска

Иницијатива за Конгрес: Мицкоски е единствениот во ВМРО-ДПМНЕ чии афери се амнестираат од надлежните обвинителства и судови

Катерина Ѓуровски

Иницијативниот одбор го одложи најавениот вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ

Жарко Настоски

Стамов: Поддршката за смена на Мицкоски од ден во ден се зголемува

Искра Манојлоска

Иницијативен одбор: 17-от Вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конгрес на обединување и нов почеток

Ана Ололовска

Иницијативен одбор за вонреден конгрес: На ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки

Ана Ололовска