ВИДЕО: Граѓаните се плашат да пријават политичка дискриминација

Од:

Во пресрет на Меѓународниот ден за човекови права, 10. декември, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија го промовираше документарниот филм „Дискриминација врз основа на политичка припадност“.

Автори се новинарите Љубиша Арсиќ и Жарко Настоски во соработка со Хелсиншкиот комитет.

– Она што ние како автори го заклучуваме е дека граѓаните се плашат да пријават политичка дискриминација. Прво се плашат тоа да го направат во Комисијата за заштита од дискриминација затоа што ја сметаат за државен, односно политички орган и сметаат дека таа не може да ги гарантира нивните права. потоа, многу малку од нив се одлучуваат да поднесат тужба во судот, односно, по судски пат да докажат дека некоја институција ги дискриминира на работните места. Ова се доѓи на тоа што судовите прават две процедурални грешки: прво, товарот на докажување го ставаат на товар на граѓаните, иако тоа треба да го направат врз државните институции, понатаму, ги условуваат да пријават во Комисијата за заштита од дискриминација пред да поднесат тужба до судот. Понатаму го отворивме прашањето за составот на Комисијата, односно нејзината независност, но во македонската практика тоа е зависност од други државни органи, вели Љубиша Арсиќ, новинар и еден од авторите на филмот.

Авторите на ова истражување сметаат дека Законот за заштита од дискриминација е сосема зрел за измени.

– Политичката дискриминација е навистина многу застапена во Македонија и покажа дека луѓето се ужасно исплашени да зборуваат, имавме соговорници кои прво се согласија, а потоа одбија да зборуваат, други пак сакаа да останат анонимни, што илустративно кажува за трендот што се случува, за оваа страшна партизација на државата, особено на државната администрација. Таа е и мотор на системот и гласачка машинерија за владејачката елита. Имавме забелешка дека не ја спомнавме партијата ВМРО ДПМНЕ, да точно е, оваа партија ја доведе ситуацијата до размери што не соодветствуваат со една демократска држава, меѓутоа, сакавме повеќе да се осврнеме на системските пропусти, како е лошо поставен системот, затоа што веруваме дека кој и да дојде на власт, со вака поставен систем, ќе може да ја спроведува иста оваа политика, иста оваа дискриминација на политичка основа, вели Жарко Настоски, новинар и еден од авторите на филмот.

Во документарниот филм, покрај жртвите, за состојбата со дискриминацијата врз основа на политичка припадност говорат и претставници на надлежните институции за заштита од дискриминација – Душко Миновски претседател на Комисијата за заштита од дискриминација, Наташа Габер Дамјановска судија од Уставниот суд на Република Македонија, Санде Зиков – судија во Основниот суд Скопје 2 Скопје, Мирјана Лазаровска Трајковска – судија во Европскиот суд за човекови права.

Би можело да ве интересира

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Се вселила во стан во Скопје, соседите ја избркале по еден ден оти била Ромка

Орце Костов

Ѓорѓи Трендафилов: Македонија е дискриминаторска земја не само во однос на етничкото потекло

Орце Костов

Комисијата за заштита и спречување дискриминација можно уште денеска да ја разгледа наводната согласност на Владата кон „Бехтел и Енка“ за поголема работна недела

Ана Ололовска

Комисијата за заштита од дискриминација со препорака за Акциски план за унапредување на правата на осуденичките

Ана Ололовска

Татко спречен да го придружува своето дете: Детска клиника дискриминира, вујна и баба можат оти се женски пол

Орце Костов