ВИДЕО: Градинките се отворени, па отсуството од работа нема смисла, вели Шахпаска

Од:

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска оцени дека одлуката на Владата за враќање на родителите на децата до шестгодишна возраст во работниот процес од 23 септември  е логична и очекувана, со оглед на тоа што градинките и Центрите за ран детски развој од 9 септември се отворени и имаат капацитет да ги примат децата.

Таа нагласи дека според Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување на деца,  градинките имаат капацитет и можат да згрижат уште деца, а целосното спроведување на Протоколот го сведува на минимум ризикот од ширење на коронавирусот.

„Нашите анализи покажаа дека согласно Протоколот градинките во државата имаат капацитет да примат 19.000 деца, а интерес досега покажале родители на 14.555 деца. Притоа, морам да нагласам, дека и дел од родителите што веќе ги пријавија децата, изминатата недела не ги носеа во градинка. Од тие причини Министерството за труд и социјална политика достави допис до градинките да ги проверат родителите и да утврдат дали тие деца ќе доаѓаат во градинка. Дополнително, приоритет за згрижување во градинка ќе имаат децата на самохраните родители и децата на двајца вработени родители. Од тие причини  потребата на родителите да не одат на работа е беспредметна. Простор во градинките има, Протоколот се почитуваа целосно, Министерството и Владата внимателно ја следат работата и затоа работниот процес мора целосно да се врати во нормала“, нагласи министерката Шахпаска.

Во однос на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за прекинување на продолженото породилно отсуство, министерката Шахпаска оцени  дека со отворањето на градинките и оваа мерка ја губи смислата.

„Тие родители ги чуваа своите дечиња затоа што градинките не работеа. Градинките веќе се отворени и затоа на вчерашната владина седница беше донесена одлука родилките кои ја користеа мерката за продолжено породилно отсуство да се вратат на работа“, додаде Шахпаска.

Во врска со родителите на децата од шест до 10 години, министерката Шахпаска потенцираше дека овие родители со Уредба на Владата од 7 јули веќе се вратени на работа и се активни во работниот процес  и тоа во услови кога не функционираа ниту градинките, ниту училиштата.

„Нагласувам дека ние како Влада будно ги следиме состојбите и сите одлуки ги носиме врз основа на темелна анализа, со вклучување на повеќе ресорни министерства, со сите чинители на општеството. Државата мора да функционира,
системот треба да работи, економијата мора да се движи“, додаде министерката Шахпаска.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани